Пишува: ЗОРАН ИВАНОВ
Ништо не е ново тоа што претседателите на македонските опозициски и не само опозициски партии кон кои гравитираат главно гласачи од албанската етничка припадност, предизборно пак заталкаа на поклонение но сега кај актуелно популарниот сеалбански регионален авторитет Курти и сето, кажано во оваа една реченица, ќе беше онака предизборно симпатично доколку, идентично како и претходно со некаквите тирански платформи, сега еве со приштински, овдешните партиски претседатели, всушност, идентични зависници на призренски мотиви, не разберат дека со ваквите, нели автономни лидерски манири, овде си ги бламираат сопствените партиски позиции и тоа главно кај своите членови, симпатизери и гласачи, а сето поради своите полтронски постапки, кои и овојпат јавноста ги регистрира како лидерски понижувања со преседан.