ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Одобрени се финансиски средства за целосна реконструкција на кумановскиот театар

February 1, 2024 16:35
in ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Одобрени се финансиски средства за реконструкција на кумановскиот театар, соопштија денеска надлежните од НУЦК „Трајко Прокопиев“ Куманово. Театарот ќе продолжи да се реконструира во наредните три години, за тековната одвоени се десет милиони денари, 60 за наредната 2025 и над 83 милиони денари за 2026-та година.

– Годинава добивме согласност од Влада на РСМ и Министерство за култура дека се одобрени комплетни финансиски средства за реконструкција и целосно завршување на зграда на Театар Куманово. Одобрени се вкупно 153.475.165,00 денари според следната динамика на плаќање: 10 милиони денари за 2024 година, 60 милиони денари за 2025 година и 83.674,165,00 денари за 2026 година, изјави директорот на НУЦК, „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодорвски.

Вкупно за трите години одвоени се 2.494.710 евра. Оваа година има десет милиони денари, тие ќе се употребат согласно насоките на проектантот.

– Информирани сме дека од идната година во следните две години ќе можеме со претходно барање во Министерство за култура во месец јануари да ги побараме и останатите средства за 2025 и 2026 година кои се влезени и обезбедени во програма на Влада на РСМ. Задоволни сме од одобрените вкупни средства и очекуваме дека согласно динамиката со која ќе се работи при крајот на 2026 година доколку не се појават неочекувани проблеми, да имаме нов модерен и функционален Театар и ќе може да уживаме во театарската уметност и претставите кои ќе се подготвуваат. Сигурен сум дека храмот на уметноста, Театар Куманово ќе остане и ќе стане и понатаму расадник на убавите работи, на уметноста и главна точка на културата во град Куманово, вели Тодоровски.

И претходните две години со пари од Министерството за култура се реконструираше театарот. Последната фаза заврши во септември лани, кога беа опфатени дворот, пристапни рампи на двата влеза, партерно уредување, дел од атмосферска мрежа која не постоеше во театарот. Претходно,за првата фаза Министерството одвои 10 милиони, втората, седум, во третата 2,8 милиони денари. Вработените од македонската и албанската драма од почетокот на реконструкцијата се сместени во просториите на Центарот за култура. Објектот постои над седум децении.

Tags: Сашо ТодорвскиТеатар Куманово
Next Post
Зградата Берлејмонт осветлена со украинското знаме, по повод нападот на Русија против Украина/ Фото: Wikimedia Commons

Лидерите на Европската унија едногласно се согласија да и доделат нова помош на Украина

Shortcut

Најново

Уште еден пациент почина од западнонилска треска, шести случај со смртни последици

August 27, 2026
Илустрација Фронтлајн

Нафтен танкер погоден од непознат проектил во Ормуската Теснина

August 27, 2026

Четири активни пожари, три се под контрола, а 24 се изгаснати

August 27, 2026
Фото: Министерство за транспорт

ВЛЕН и ДУИ во нова политичка пресметка за автопатот Скопје–Блаце

August 26, 2026

Мицкоски: Историски момент за државата, започна изградбата на автопатот Скопје – Блаце

August 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп е наш, ние сме трапави!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски тврди дека пензиите растат рекордно, Филипче обвинува за криминални тендери и осиромашување на граѓаните

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk