„Кога креирате политики мора да внимавате на стабилноста на пензискиот фонд. Пензискиот фонд, ВМРО-ДПМНЕ го остави со дефицит од 47%, тој дефицит сега е 31% ради добрите политики“ рече дополнителната заменичка министерка за труд и социјална политика, Јована Тренчевска во „Студио 10“ на ТВ24.
Таа додаде дека не смее да се дозволи ради оптеретување на фондот да не може да се исплатат пензии и треба да се внимава на сигурноста на секој пензионер.
„Имавме манипулации со пензионерите дека ќе им дадат на сите по 5000 денари, па потоа ретерираа и сите што излегуваа низ меидумите од опозицијата рекоа пу пу не важи, ќе дадеме по 500 денари“ рече Тренчевска.
Заменик-министерката објасни дека владата на ВМРО-ДПМНЕ не ги уплаќала придонесите во Пензискиот фонд од проектите „Македонија вработува“, со што се намалувале приходите на фондот и се создавал дефицит.
„Секоја една субвенција која оди од 2017 година до денес се уплаќа од страна на Владата во фондот, за да не се создаде тој дефицит“ рече Тренчевска.