Пишува: БРАНКО ТРИЧКОВСКИ
Мораме да ги извлечеме финоќата и пристојноста, култивираноста и нашата нормалност, од бескрајната дефанзива во која ги ситуира агресијата на просташтвото, ошурената свињарија и глупантропството на вморонските чети и нивните интелектуални и медиумски јатаци.
Мораме да влеземе во конфликт, да им удриме клоци меѓу нозете и по газовите. Не, не мислам да се тепаме, не сме ние за тоа, но не можеме да се потпреме само на доброќата и на паметните доктрини, на умноста и на благородните визии.
Тоа, очигледно, не е доволно.
Тие никогаш нема да ја прифатат понудата за дијалог и помирување додека не ги смачкаме. Или исчистиме.
Мораме да земеме противпожарен шмрк и лудоста на вмро да ја оддуваме како говно на нашиот пат.
Што, всушност, е!
Самоослободувањето од стравот е најбитна работа. Бидејќи стравот е најсилното чувство, а Македонецот е најплашливото животно во шумата.
Стравот е темел на тоталитаризмот.
На системите во кои
човекот умира на
жртвеникот на лудакот.
Во случајот на вмро.
Како нормален човек може да се плаши од таа вардаришка смрдеа.
Најсмешнотрагична е трансформацијата на стравот во опортунизам: ако не сум со нив ќе ми го избркаат детето од работа.
Какво дете, каква работа?
Ти учествуваш не во одбраната на своето дете туку во заробувањето на сите деца.
И на сите млади и стари, жени и мажи, на сето општество.
Губењето на работното место во таква излеаност на говњарската умисленост може да биде стимулативна. И најчесто е. Можам тоа да го посведочам од моето искуство и од искуствата на луѓе од мојата фамилија.
Обратно, ако се соочувате со таква закана треба да сторите сè тој лудак да не се докопа до власта односно до моќта да брка од работа и на друг начин да прави систем од своите фрустрации.
Мораме да го протераме стравот и на негово место да инсталираме агресија.
Благородна агресија.
Ако ве осудат во СЕММ или мускетарите на ЗНМ на хартијата со која си го бришат газот напишат некое осудително соопштение, знајте дека сте на вистинскиот пат.
Или ако Мицко ве тужи за душевните болки што сте му ги нанеле, само треба да продолжите да го притискате на тоа место додека не му стане јасно дека не е за политика.