ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Герасимовски: 25 квалитетни и посветени асистенти  ќе се грижат  за учениците со посебни образовни потреби во Општина Центар

February 7, 2024 14:24
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Општина Центар во второто полугодие ангажира 25 лични асистенти за ученици со посебни образовни потреби во училиштата на своја територија. На последниот јавен повик бројката беше надополнета со квалитетни и посветени кадри. Дополнителна мотивација за пријавување на јавниот повик за овие позициии беше и зголемувањето на месечниот надомест од  12.000 денари на 15.000 денари, за работен ангажман со скратено време од 20 работни часа неделно, соопштуваат од Општина Центар.

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски  одржа средба со асистентите, им се заблагодари за ангажманот, трудот и хуманоста: ,,Ви благодарам за сето она што го правите за да ги вклопиме овие деца  во образовниот систем. Ја знаеме тежината на вашата работа и затоа се потрудивме дополнително да ве мотивираме, во рамки на можностите на Општината, која финансиски целосно стои зад овој хуман проект.  Капа долу за вашиот ангажман. Ја препознавме големината на овој проект и останавме единствена  локална самоуправа што  го спроведува  со свои сопствени сили“, истакна Герасимовски.

Дел од асистентите кои и по седум години го продолжуваат договорот со Општина Центар,   зборуваа за предизвиците и потешкотиите со кои се судруваат во пракса. Истакнаа дека имаат одлична соработка со наставниот кадар, но и дека секој случај е специфичен и бара посебна експертиза и грижа. Потенцираа дека сензорните соби кои се поставени во речиси сите центарски училишта се од големо значење за нивната работа.

Општина Центар покрај образовните асистенти од Министерството за образование и наука во рамки на проектот „Образование за сите“ работно ангажира и лични асистенти кои целосно самостојно ги финансира, годинава со 3.500.000 денари. Во осумте општински основни училишта во моментов со ученици со потешкотии во развојот работат 25 асистенти и истите веќе две години работеа и за време на летните распусти.

Покрај овој  проект,  градоначалникот Горан Герасимовски потпиша и Меморандум за соработка со Црвениот Крст преку кој овозможи бесплатен превоз до болница за лицата над 18 години кои користат ортопедско помагало, инвалидски колички, дубаци и одалки или кои поради болест се во лежечка состојба односно неподвижни. Корисниците на оваа мерка имаат бесплатен превоз во еден правец максимум 10 пати во текот на 1 година и истиот треба да го закажат најмалку  24 часа однапред.

Next Post

Тоа што прави Таравари и за еден Павле Трајанов е „немогуќе достигнуќе“

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk