ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Градоначалникот на Штип од ВМРО-ДПМНЕ за енергетската инвестиција, Мицкоски по навика против напредок и развој

February 12, 2024 13:05
in PMD, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов контра својот лидер Христијан Мицкоски. Општината ги завршила сите технички подготовки за почеток на најголемиот Фотоволтаичен Парк во Западен Балкан од кој бенефит ќе имаат сите жители на истокот. Јорданов чека амин од своите сопартијци во Законодавниот Дом за да започне реализацијата на најголемата инвестиција во овој дел од државата, која ќе го подобри енергетскиот потенцијал на земјава но истовремено ќе отвори и нови работни места во Штип.

Од друга страна, во пресрет на изборите во мај, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски против проектите кои носат напредок и развој на државата. Стратешкото вложување во енергетскиот сектор од водечка компанија за производство на електрична енергија од обновливи извори на енергија во Франција за Мицкоски ќе има негативното влијание и според него тоа е злодело или злочин кој го прави оваа Влада, пишува „24 инфо“.

-Еве ако е толку паметно ова што го направила Владата, јас веднаш ќе кажам се ова што го зборувам досега го повлекувам, под истите услови нека даде француската Влада во Нормандија македонска инвестиција. Но, под истите услови. Ама ако е толку добро ова за Македонија, да направиме и ние Македонците нешто добро за Франција“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, на дебата Економска платформа за иднина на тема „Нов концепт за економски развој“ која се одржа во Велес.

За „Акио Енерџи“ од Франција јавноста дозна пред три години на владина прес конференција на која гаранција и сериозност на инвестицијата пристигна директно до францускиот амбасадор Сирил Бомгартнер, кој смета дека билатералните односи се подобруваат и се стекнува поголема довреба токму преку вакви сериозни потези.

-Овој соларен парк ќе биде најголемиот кој досега е изграден во овој регион од Западниот Балкан. Истовремено ќе и помагне на земјата да го изоди својот амбициозен европски пат за намалување на емисиите на јаглероден диоксид, рече Бомгартнер.

Tags: Иван ЈордановМицкоскисолаФотоволтаичен ПаркШтип
Next Post

Концертите на Колдплеј регуларно ќе се одржат на Олимпискиот стадион во Атина

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

Трамп од Орбан побарал укинување на ветото за членство на Украина во ЕУ

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk