ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Агелер: Северна Македонија и помогна на Украина, и тоа не само со воена опрема, туку и на други начини

February 15, 2024 18:42
in ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Ангела Агелер

Ангела Агелер

Share on FacebookShare on Twitter

Северна Македонија ги потврди своите вредности како лојална земја членка на Алијансата. Таа е четвртата земја која по број на жители и помогна на Украина, и тоа не само со воена опрема, туку и преку други начини на асистенција. Ние сме многу благодарни, искрено многу други побогати земји не помогнаа на начин на кој помогна оваа земја, истакна американската амбасадорка Анџела Агелер во интервју за ТВ Канал5.

Таа им се заблагодари на граѓаните и институциите на земјава што ја поддржале Украина и нивните напори, преку НАТО и преку други начини против, како што рече, ужасната, бруталната и крвавата инвазија на Русија и Путин и војната која трае речиси две години.

На новинарското прашање дали претседателските избори во САД годинава може да влијаат на динамиката на помошта кон Украина, Агелер одговори дека не постои замор и дека во изминатите денови  Сенатот ја одобри помошта во вредност од 61 милијарди долари намената за Украина, а сега е на ред Претставничкиот дом.

Она што е важно е дека во САД, исто како и во Северна Македонија, имаме избори оваа години и затоа секогаш ќе има определени политичари кои ова прашање ќе го искористат за добивање политички поени, преку правењето ова прашање да биде контроверзно. Јас силно верувам дека граѓаните на САД силно ја поддржуваат Украина, заштитата на нивниот суверенитет и обидите да се заврши војната, затоа сум прилично убедена дека ќе продолжиме со помошта, исто како што сум убедена дека граѓаните на оваа земја ќе ги направат истото, посочи амбасадорката на САД.

Во однос на прашањето дали ако не се реши набрзо конфликтот во Украна, има опасност да се прелее и да го загрози Западниот Балкан кој и онака е ранлив, Агелер одговори дека војните и конфликтите не стојат во границите.

Ова започна со инвазијата на претседателот Путин и руската армија во Украина. Влијанието од ова веќе го чувствуваме, односно економски последици, социјални последици веќе се чувствуваат во целиот свет. Македонија е европска држава, а во Европа има војна, а тоа има големо влијание низ целиот континент. Затоа е императив, и покрај тоа што трупите не ја преминуваат границата утре, да се знае фактот дека НАТО ги заштитува своите земји членки. Знаејќи го тоа и местото кое го има оваа земја во Западниот Балкан и Европа е многу важно. Никој не е безбеден, Путин нема да се откаже доколку не е победен, рече Агелер.

Во однос на укажувањето од заменик генералниот секретар на НАТО дека во пресрет на изборите во нашата земја се очекува зголемена активност на хибридните закани, амбасадорката подвлече дека е важно македонските граѓани да знаат нив да ги препознаат.

– Хибридно не значи дека пешадија ви влегува преку границата, но дали е мешање во пресрет на изборите или е дезинформација, знаеме дека Русите се тука во овој регион, практикувајќи злонамерно влијание кое сме го виделе искрено во целиот свет. Во моментов нивните дејства ги гледаме и во САД, а имаа и влијание во нашите претходни избори. Тие се многу активни и ја користат секоја можност за да шират хаос. Според мене, најважната работа е граѓаните на оваа земја можат да го препознаат тоа, да се едуцираат за ова прашање, да поставуваат тешки прашања за политичарите, за кандидатите, но и да знаат дека можат да се потпрат на новинарите, за да им се помогне да можат да ја препознаат вистината и лажните информации и да ја донесат нивната одлука заснована на реалноста, што се случува и кои се кредибилните информации, заклучи амбасадорката на САД.

Tags: АгелерУкраина
Next Post

Ховениер повторно побара одложување на уредбата на (ЦБК) за укинување на српскиот динар

EVN

НАЈНОВО

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

Што предвиде Елон Маск во Давос: Кога AI ќе го надмине човекот, а хуманоидните роботите ќе излезат на пазар

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk