ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Ховениер повторно побара одложување на уредбата на (ЦБК) за укинување на српскиот динар

February 15, 2024 19:43
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Амбасадорот на САД во Косово Џефри Ховениер повторно побара одложување на уредбата на Централната банка на Косово (ЦБК) за укинување на српскиот динар, со цел да се воспостави процедура за исплата на примањата од српскиот буџет за припадниците на српската заедница, пренесува Радио Слободна Европа.

„Воспоставувањето на таква процедура мора да се разговара во рамките на дијалогот. Бараме Косово и Србија да бидат конструктивни по ова прашање“, рече Ховениер на прес-конференцијата пред американската амбасада во Приштина.

Тој подвлече дека одлуката на Косово да ја спроведе одлуката на Централната банка на Косово за забрана на српскиот динар влијае на квалитетот на односите меѓу САД и Владата на Косово и потсети дека пораките на американските претставници по ова прашање се јасни.

Ховениер изрази очекување дека Владата на премиерот Курти ќе се заложи за изнаоѓање решение во соработка и координација со САД, наместо да прави еднострани потези.

„Секоја сугестија дека партнерството меѓу Косово и САД не е загрозено и нема да биде загрозено од оваа ситуација, морам да бидам јасен, тоа едноставно не е точно“, рече тој.

Претходно, американскиот државен секретар за Европа и Евроазија, Џејмс О’Брајан, на 13 февруари изјави дека Владата на Косово го загрозила нејзиното партнерство со САД поради одлуката за забрана на српскиот динар.

„Јавно не упатувам нејасни закани. Би рекол, ако не бидеме третирани како партнери, нема ни ние да ја третираме владата на Косово како партнер“, рече О’Брајан во интервју за Гласот на Америка.

Сепак, премиерот на Косово Албин Курти ги отфрли овие наводи, истакнувајќи дека ги смета САД за најважен партнер.

„Косово нема поважен партнер, сојузник и пријател од САД. Сметам дека е така и (според тоа) соработувам како премиер на Косово“, рече Курти.

Централната банка на Косово одлучи единствено средство за готовина и платежни трансакции да биде еврото, со што го укина српскиот динар. Оваа одлука, која стапи во сила на 1 февруари, претходните денови беше критикувана од други западни земји со барање да се одложи нејзината примена.

Припадниците на српската заедница добиваат различни приходи од српскиот буџет во динари, а меѓународната заедница предупреди дека одлуката на Косово да го укине динарот може да ги зголеми етничките тензии.

Централната банка на Косово тогаш на 12 февруари објави дека преодната фаза од спроведувањето на нејзината регулатива не може да трае подолго од три месеци.

Народната банка на Србија со години испраќаше динари во својот трезор во општина Лепосавиќ на северот на Косово, од каде парите до финансиските институции кои работат во српскиот систем, како што се Поштата или банката Поштанската штедионица, ги пренесуваше меѓународната компанија Хендерсон.

Сега Централната банка на Косово наведува дека оваа практика е незаконска, бидејќи само таа може да извезува и увезува монети и банкноти на територијата на Косово.

Tags: КосовоСАДХовениер
Next Post

Али Ахмети не ја отфрла можноста да се кандидира за претседател

Shortcut

Најново

СДА Македонија: Владата да го спречи негативното влијание на „српскиот свет“ и да ја врати земјата на европскиот пат

June 23, 2026

Нови цени на горивата: Пад на дизелот за 7, а на бензините до 4 денари по литар

June 22, 2026

Тренчевска: По две години Влада на Мицкоски, резултатот од социјалните ветувања е чиста нула

June 22, 2026

Мицкоски најавува поевтинување на горивата: Бензините до 3 денари, а дизелот за 7 денари помалку по литар

June 22, 2026

Светски ден на бегалците, застрашувачка статистика: 118 милиони присилно раселени во 2025, ЦИВИЛ повика на одбрана на оние што бегаат од војна

June 20, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Идентитетот како алиби за блокада

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: „Српскиот свет“ се промовира во Скопје, а институциите на ВМРО-ДПМНЕ молчат за присвојувањето на македонските манастири

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче до граѓаните: Не наседнувајте на истиот трик на Мицкоски од 2024 година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски од Струмица: Опозицијата мисли дека е родена за власт, а ние сме тука да работиме за народот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Проф. Груевска: За Дејвид Гета има милиони, а за македонскиот јазик нула денари!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk