ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕПУБЛИКА

Дуќанџиите во Стариот дел на Охрид треба да ги отстранат светлечките реклами од пред нивните објекти

February 15, 2024 12:50
in ДЕНЕС, РЕПУБЛИКА
Фото: МИА

Фото: МИА

Share on FacebookShare on Twitter

Општина Охрид им наложи на сопствениците на дуќани во Стариот дел на градот да ги отстранат светлечките реклами од пред нивните објекти.

Станува збор за активност насочена кон задржување на автентичниот изглед на тој дел од градот, во рамки на процедурата на етапно стандардизирање и визуелно унифицирање на урбаната опрема поставена на најатрактивните локации низ градот.

Осумдесеттина угостителски објекти, занаетчиски работилници, сместувачки капацитети и други субјекти што обавуват туристичка и услужна дејност во Стариот дел на Охрид од неодамна добија унифицирани рекламни табли. Станува збор за типизирани табли изработени од дрво и ковано железо, идентични за сите објекти. Интенција е со нивно поставување да се измени односно подобри изгледот на тој дел од градот.

Рекламните табли се изработени согласно Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема што на почетокот на годинава им беше презентиран на сите субјекти од туристичката и услужната дејност, а го пропишуваат видот, типот, категориите и карактеристиките на стандардизирана и визуелно унифицирана урбана текстура, урбан мобилијар и утилитарни објекти.

Такви табли добија објектите на просторот пред  црквата „Св. Софија“, улиците „Коста Абраш“ и „Цар Самоил“ и плоштадот „Св.Климент Охридски“. Предвидено е постепено такви табли треба да добијат и деловните објекти во чаршијата долж улицата „Св Климент Охридски“, како и плоштадот „Крушевска Република“ со краците што водат кон булевар „Туристичка“ и дел од чаршијата до пресекот со улицата „Гоце Делчев“.
Уште минатата година Општина Охрид започна со унифицирање на урбаната опрема во репрезентативниот дел на Охрид, а ги опфаќа и тендите пред угостителските објекти, што ќе треба да бидат усогласени по боја и изглед.

Сопствениците на објектите што веќе добија рекламни табли и од кои е побарано да ги отстранат сопствените светлечки реклами имаат забелешка на тоа што нивното остранување ќе значи слаба осветленост на улиците во ноќните часови, особено што станува збор за мошне фреквентни улички што се интензивно посетени од гости и туристи.

Од Општина Охрид најавено беше дека согласно финансиските можности, ќе се уредува осветлувањето во Стариот дел на градот со стандардизирани и унифицирани канделабри, што треба да ги заменат посточеките што се со слабо осветлување.

Правилникот и каталогот за стандардизација и визуелна унификација на урбаната опрема на локациите беше усвоен од страна на Советот на Општина Охрид минатата година и е изработен согласно одредбите од Законот за градење, Законот за просторно и урбанистичко планирање, Законот за заштита на културно наследство и Законот за прогласување на Старото градско јадро на Охрид за културно наследство од особено значење.

Tags: Охридрекламиунифицирана урбана опрема
Next Post

Економијата на Велика Британија влезе во рецесија

Shortcut

Најново

Пацови

August 11, 2026
Фото: Скриншот

Поранешниот сириски претседател Башар ал-Асад осуден на смрт во отсуство

August 11, 2026

СДСМ предупредува на дива депонија во близина на изворот Рашче

August 11, 2026
Припадник на руските окупаторски сили (фото извор: Амб. на Украина)

Рускиот агресор подготвува нова изборна фарса во окупираните украински територии: „Избори“ под окупација и закана од оружје

August 10, 2026

ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

August 10, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Хроника на една пропадната држава (јули 2026): Додека правдата е заробена во „реформи“, луѓето се трујат од вода и политика, а владата и опозицијата се „реконструираат“ – земјата тоне во „достоинство“ и молчи пред Украина

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Огнена стихија: Екстремни температури, човечки фактор и регионална криза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk