ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

(ВИДЕО) Ковачевски: Ќе одиме со свој кандидат на претседателските избори

February 15, 2024 15:10
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски во интервју за МИА, прашан кога ќе биде познат претседателскиот кандидат на партијата, вели дека нивниот кандидат ќе дели европски вредности и нема да ги дели граѓаните на ниту по еден основ, додавајќи дека актуелниот претседател Стево Пендаровски во изминатите пет години одлично ја извршувал функцијата.

-Не би сакал во моментов да истакнувам ниту еден кандидат со оглед на тоа дека тоа е не ниту статутарно, не е ниту етички од моја страна. Меѓутоа, само ќе истакнам дека бидејќи најмногу прашања се вртат околу тоа дали претседателот Пендаровски ќе оди за втор мандат јас сметам дека тој одлично ја обавуваше својата функција во текот на изминатите пет години, токму ги застапуваше вредностите коишто јас сега ги кажав, меѓутоа и коишто ги споделува нашата партија, вредностите коишто ги споделува и нашата коалиција, односно коалиционите партнери на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, изјави Ковачевски за МИА, во одговор на прашањето колку кандидати се влезени во потесниот круг и кога ќе биде објавено неговото име.

Ковачевски додаде дека јасно е каков ќе биде профилот на претседателот што ќе го предложат, односно, ќе дели европски вредности, ќе се залага за заокружување на процесот на европски интеграции на државата до 2030 година којшто нема да ги дели граѓаните по ниту еден основ не само етнички, туку и по која било припадност на кој било граѓанин во нашата држава

-Сметам дека Социјалдемократскиот сојуз на Македонија е единствена партија која што може да даде таков кандидат и се потврдило во минатото дека кандидатите коишто биле предложени од СДСМ, а коишто станале претседатели на државата застапувале токму такви вредности. Ние сме коалиција која што има најголем број на политички партии во неа и сметам дека исто така дека на тој начин ќе биде продолжена и политиката на добрососедски односи, политика на одлични меѓуетнички односи во државата и секако политиката на одлични односи со стратешките партнери со САД, Велика Британија и Европската Унија, додаде Ковачевски.

Вели дека меѓу кандидатите се и бивши претседатели на партијата, бивши претседатели на државата, бивши секретари на партијата и видни истакнати членови на заедницата, како на пример поранешни истакнати судии…

Ковачевски нагласи дека ќе одат со свој кандидат за претседател, којшто, како што рече, ќе биде поддржан од голем број нивни коалициски партнери.

Tags: избориКовачевскиПретседателСДСМ
Next Post

Кумановскиот театар гостува во Гевгелија со претставата „Љубовна терапија“

Shortcut

Најново

Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

October 20, 2026

Пијано рецитал „Ехо на несвесното“ на Дуња Иванова: Музичко-филозофско патување во КИЦ

October 20, 2026

Мерц: „ЕУ не е затворен клуб“ – Северна Македонија останува изолирана

October 19, 2026
Кијив, 18-19 октомври 2026 (ДСНС)

Рускиот терор продолжува, Путин би преговарал со Трамп и Си – ЦИВИЛ: Ништо за Украина без Украина

October 19, 2026
Фото: Генерирано со ВИ

Кандидатите на ВМРО-ДПМНЕ и НАИ ќе се соочат во вториот круг за градоначалник на Брвеница

October 19, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ива Михаилова (скриншот од видео на Инстаграм)

    АНАЛИЗА НА ЦИВИЛ МЕДИА: Случајот „Ива Михаилова“ меѓу судските забрани, човековите права и политичките пресметки

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Се снајде на туѓа сметка

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Не е трула државата Данска, трули се каналите за информација: Кога веста ќе стане изговор за шамар

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Од македонската авангарда до африканската духовност: Три музички светови на третата вечер на Скопскиот џез-фестивал

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Живите лежечки полицајци

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk