ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Расправија меѓу неколку луѓе – причина за пукањето на победничката парада на Супербол во Канзас

February 16, 2024 10:04
in ДЕНЕС, СВЕТ
Фото: Reed Hoffmann/AP

Фото: Reed Hoffmann/AP

Расправија меѓу неколку луѓе била причината за пукањето за време на прославата на парадата на Супербол во Канзас, во која едно лице загина, а 22 беа повредени, соопшти полицијата, отфрлајќи каква било врска со екстремизмот.

– Тројца малолетници беа приведени во текот на истрагата, изјави началничката на полицијата Стејси Грејвс на прес-конференција еден ден по пукањето во близина на историската железничка станица во центарот на градот.

Двајца малолетници се приведени, а третиот, за кој било утврдено дека не е вмешан, подоцна е ослободен, објави портпаролката на полицијата Алајна Гонзалес.

Шефицата на полицијата рече дека на местото на престрелката биле пронајдени неколку парчиња огнено оружје.

„Изгледа дека ова било расправија меѓу неколку луѓе што заврши со пукање“, рече Грејвс, сугерирајќи дека учесниците на парадата не биле цел на нападот, туку дека тоа се случило за време на прославата на годинашните победници на Суперболот, на која присуствуваа повеќе од милион луѓе.

„Прелиминарните наоди од истрагата укажуваат дека нема врска со тероризам или домашен насилен екстремизам“, рече Стејси Грејвс, но не кажа дали полицијата имала сознанија за потеклото на конфликтот или за деталите за пукањето.

Вчера полицијата излезе со информација дека при пукањето се ранети 22 лица, а убиена е Лиза Лопез-Галван, популарна локална радио водителка. Се наведува дека возраста на жртвите се движи од осум до 47 години.

Началничката изјави дека се подготвуваат обвинителни акти против две малолетни лица чиј идентитет не е соопштен. Полицијата се обидува да утврди дали некој друг е вмешан во престрелката, а таа додаде дека сите одговорни ќе бидат „изведени пред лицето на правдата“.

Поврзано:

Едно лице загина, триесетина повредени на спортската парада во Канзас Сити по повод Супербол

Tags: Канзас Ситипукањерасправија
Next Post

Грција ги легализираше истополовите бракови

НАЈНОВО

Фото: МИА

Експлозија на неидентификуван објект во близина на границата на Полска со Украина

August 20, 2025
Фото: Генерирано со ВИ

САД нема да испратат војници во Украина, но можна е воздушна поддршка, вели Трамп

August 20, 2025

САД го прошируваат списокот на производи од челик и алуминиум со високи царини, автоиндустријата реагира

August 20, 2025

НАЈЧИТАНО

  • „Кетаминската кралица“ ќе се изјасни за виновна за смртта на Метју Пери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ивановска по распитот во ОЈО: Обвинета сум дека наводно начинот на кој што сме ги отворале предметите во ДКСК и споделувањето на информациите во јавноста, било спорно за пријавителот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи до Николоски: Концесијата на ВМРО-ДПМНЕ – симбол на криминал, падна на арбитража

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мирот како пораз

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова: Граѓаните се разочарани од власта, паѓа поддршката на ВМРО-ДПМНЕ, градоначалниците им ги тресат големи скандали

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk