ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Таравари: Ги повикувам Албанците и ДУИ да ја поддржат мојата визија и кандидатура

February 21, 2024 21:14
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Партијата Алијанса за Албанците преку соопштение до јавноста информира дека вонредна прес-конференција одржал претседателот д-р Арбен Таравари во Тетово. Таравари посочува дека има две цели за претстојните избори за претседател на државата, и смета дека во иднина изборот на претседател треба да се прави во Собранието, пренесува МИА.

-Влегов во овој натпревар со поголеми цели. Мојата цел и онаа на моите партнери е двојна: прво ,имаме намера за прв пат албанскиот кандидат да влезе во вториот круг на претседателските избори и второ, сакаме да ја отвориме големата дебата за функцијата  претседател во нашиот политички систем. Како што е познато, Северна Македонија е парламентарна република, а не претседателска или полупретседателска република. Покрај тоа, целиот наш политички и уставен систем е изграден по моделот на консензуална демократија меѓу двете најголеми националности, а тоа е санкционирано со воведувањето на Охридскиот договор во Уставот, истакнува Таравари.

Потоа тој вели дека неговата претседателска платформа ќе се гради токму околу зајакнувањето на консензуалната демократија, во линија на мислата на Арбен Џафери.

-Моите партнери и јас целиме идното отворање на Уставот да вклучи три елементи: Внесување на Бугарите и другите малцинства во Уставот, второ, отстранување на 20-те проценти што го дефинираат албанскиот јазик, трето, изборот на претседател да се прави во Собрание а не повеќе преку избори. Ова е големата вест. На овој начин во иднина политичките сили што ги застапуваат двете најголеми националности заедно во Собранието ќе одлучуваат за распределба на трите највисоки државни функции, посочува Таравари.

Тој побара поддршка од Албанците и од ДУИ.

-Ги повикувам Албанците и ДУИ, која се уште се двоуми кого да кандидира и која во минатото поддржувала и македонски кандидат за претседател, повикувајќи се на консензуализам, да ја поддржат мојата визија и мојата кандидатура. Сега ја имаме можноста заедно да ја зајакнеме консензуалната демократија на уставен начин. Сега можеме да обезбедиме една од трите главни државни функции по автоматизам да им следи на Албаниците, како втор мнозински народ во Македонија, се вели во изјавата на Таравари која ја пренесува неговиот кабинет.

Tags: ДУИподдршкаТаравари
Next Post

ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе оди со Гордана Силјановска - Давкова за претседателски кандидат, која еднаш веќе изгуби од Пендаровски

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk