Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави дека земјите-членки на Алијансата се посветени да направат повеќе за да и обезбедат победа на Украина.
Тој во интервју за Радио Слободна Европа посочи дека Северноатлантската алијанса „значително го променила“ својот став за обезбедување на безбедносно понапредно оружје за Киев.
Столтенберг по повод одбележувањето две години од почетокот на рускиот напад врз Украина оцени дека солидарноста со Кијив не е само коректна, туку и во безбедносните интереси на Алијансата.
Тоа е инвестиција во нашата сопствена безбедност и нашата поддршка прави разлика на бојното поле секој ден, истакна Столтенберг.