Претседателот на Демократската унија за интеграција (ДУИ), Али Ахмети смета дека руската агресија врз Украина ги потресе темелите на мирот, додавајќи дека Русија сега се обидува да го прошири своето конфликтно влијание и на Балканот.
– Пред две години, темелите на мирот во Украина ќе ги потресеа крцкањето на руските воени пушки и тешката артилерија. Од првиот ден застанавме во поддршка на слободата и територијалниот интегритет на Украина и упорно продолжуваме да бараме итен прекин на руската агресија. Украина стои херојски и ќе успее да ја добие оваа војна со голема помош од сите нас, нејзините сојузници, наглсил Ахмети на втората годишнина од руската агресија врз Украина, пренесува „Фронтлајн“.
Русија, додава тој, се обидува да го прошири своето влијание во земјава и на целиот Западен Балкан преку попречување на евро-интеграцискиот пат, како што вели Ахмети, поттикнувајќи омраза и меѓуетничка поделба преку внатрешни и надворешни експоненти.
– Затоа, да останеме будни против оваа опасност, да ги зајакнеме нашите сојузи на пријателство меѓу нас и со нашите сојузници во Европа и САД за да не дозволиме дезориентација и дестабилизација на земјата! НЕ за Русија, ДА за Европа! – нагласил Ахмети.
Дестан Јонузи