За време на самитот „Украина – Југоисточна Европа“ во Тирана, претседателот Володимир Зеленски и премиерот на Република Северна Македонија Талат Џафери потпишаа Заедничка декларација за евроатлантските интеграции на Украина, соопштија од Кабинетот на претседателот на Украина, Володимир Зеленски.
Во документот се забележува поддршката на Северна Македонија за евроатлантските аспирации на Украина и поканата на нашата земја во НАТО кога ќе се исполнат соодветните услови.
М. П.