ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home АНАЛИЗИ

Руските наративи во македонските медиуми: Изгубени во преводот

March 4, 2024 16:00
in АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕЗИНФОРМАЦИИ, ДЕНЕС, МЕДИУМИ
Фотомонтажа: Д. Мишев / Цивил Медиа

Фотомонтажа: Д. Мишев / Цивил Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ДРАГАН МИШЕВ

Во соработка со Мониторинг тимот на ЦИВИЛ

На први март, државната информативната агенција МИА, објави содржина, со наслов „Помошта за Украина ги претвора Шолц и Макрон во отворени непријатали, за која се вели дека е пренесена од Политико, без притоа да се наведе линкот до изворот на веста.

Неколку македонски портали ја презедоа веста, по принципот „copy – paste“, без проверка, повеќето од нив дури и со истата печатна грешка во насловот „непријатали“, несвесни дека, иако доаѓа од државна информативна агенција, во себе содржи дезинформации, манипулации и наведувачки наративи како оние кои ги користат руските пропагандисти за да нанесат штета на Украина и помошта која и ја пружаат сојузниците, меѓу кои и Северна Македонија како членка на НАТО.

Во преводот на насловот и текстот, како што го пренесува МИА, а за кој вели дека е преземен од Политико, пишува : „Помошта за Украина ги претвора Шолц и Макрон во отворени непријатали„, додека подолу во текстот, пишува: „Разликите меѓу германскиот канцелар Олаф Шолц и францускиот претседател Емануел Макрон околу помошта за Украина се претвораат во отворено непријателство…“

Иако во текстот на МИА нема директен линк до изворот, се работи за текс објавен во Политико на 27 февруари, со наслов: „Scholz and Macron feud over arms for Ukraine“, додека во поднасловот стои: „As Ukraine runs short on ammunition, the German and French leaders are at odds over military aid“.

Ниту во насловот , ниту во текстот на Политико никаде не стои непријатели, уште помалку отворени непријатели.

Преведено на македонски, Политико пишува: „Шолц и Макрон се караат околу оружјето за Украина“, и во поднаслов „Бидејќи Украина има недостиг од муниција, германскиот и францускиот лидер не се согласуваат околу воената помош.“

И во текстот подолу, се употребуваат зборови кои означуваат длабоки разлики, сосема спротивни коментари, изненаденост, оградување, отворена расправија, судир на ставови, па и разочарување, но никаде зборот „непријателство“. За „отворено непријателство“ помеѓу двајцата лидери, секако нема место во оригиналниот текст.

Како што забележува Мониторинг тимот на ЦИВИЛ, преводот од Политико кој го пласира МИА на своите корисници (било да е намерно или ненамерно) е неточен, манипулативен и тенденциозен. Вакви  наративи користи руската пропаганда со цел да прикаже несогласување помеѓу лидерите на западните сојузници, да предизвика сомнеж и да прикаже колебање во одлуката на сојузниците да ја поддржат и помогнат Украина во борбата со руската неиспровоцирана целосна воена агресија врз својот сосед, што понатаму би довело до недоверба за целокупното делување на НАТО сојузот и наводно понатамошно распаѓање на Алијансата (иако, напротив, таа со почетокот на руската агресија се прошири со нови членки), каде полноправна членка е и нашата земја, со што ќе се поттикнат наративите на овдешните рашисти дека за Северна Македонија приближувањето кон Русија би била подобра алтернатива од членството во евро-атлантските сојузи.

Ова не е прв пат на МИА да се појават манипулативни текстови со кои пред македонската публика се пласираат руски пропагандни наративи. Како што предходно објави ЦИВИЛ Медиа на почетокот на јануари, тогаш државната новинска агенција МИА  во рубриката „МИА истражува“ , пласираше содржина, и истата потоа ја пренесоа повеќе македонски медиуми, која всушност не е никакво истражување, туку едноставно преведен и интегрално пренесен, во најмала рака манипулативен текст со наслов „Зошто Зеленски не сака мир?“ од самонаречениот „независен“ воен аналитичар, Марио Буриќ за хрватскиот портал Индекс.хр., Како што забележува Мониторинг тимот на Цивил, текстот на Буриќ, пренесен на МИА е полн со произволни, паушални тврдења и пропагандистички наративи.

Преземено: Цивил Медиа


Во оваа анализа се користени податоци од редовните извештаи на Мониторинг тимот на ЦИВИЛ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:

РУСКА ПРОПАГАНДА: Под плаштот на „анализи“ и „истражувања“ се пласираат манипулативни содржини од хрватски „Индекс“ во македонските портали

Tags: Емануел Макронмакедонски медиумиМИАОлаф Шолцруска пропаганда и дезинформациируски наративи
Next Post

МОН за протестот на универзитетите: Ако постои волја во Собранието за колективен договор, ние ќе учествуваме во преговорите

Shortcut

Најново

Апсењето на Кричак: Пресметка во српскиот безбедносен апарат или почеток на институционални промени?

November 1, 2026
Амб. Лариса Дир - епископ Партениј

Украинската амбасадорка Лариса Дир се сретна со епископот Партениј: Благодарност за сочувството со украинскиот народ

October 31, 2026
Амб. на Украина, Лариса Дир

Лариса Дир: Кремљ ги претвора студот и темнината во оружје против Украинците

October 30, 2026

Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

October 30, 2026
Фотографија: Unsplash

Украдени милијарди од Binance: Замрзнати 2,7 милијарди долари, напаѓачот задржал уште 2,4 милијарди

October 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Последната граница – во спомен на сер Патрик Стјуарт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Израел: Преброени над 95% од гласовите, Нетанјаху останува без мнозинство, истрага за можно странско мешање

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk