ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Стево Пендаровски – претседател за сите!

March 5, 2024 15:30
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Актуелниот претседател на Северна Македонија, Стево Пендаровски најверојатно на изборите на 24 април, за својот втор мандат, ќе настапи со мотото „Претседател за сите“. Она што го карактеризира овој слоган се доблестите на Пендаровски како „татко на нацијата“ кој никогаш не правел компромиси со стратешките државни интереси, но и како единствена политичка фигура околу која се обединуваат сите граѓани без разлика на националност и вероисповед

Џелал Хоџиќ

– Стево Пендаровски се води од демократски вредности во политиката. За него стратешките цели на државата, членство во НАТО и членство во ЕУ, се приоритет. Пендаровски е инклузивен во креаирањето политики, а како ни еден Претседател до сега во предвид ги има и маргинализираните заедници. За Стево Пендаровски ќе гласаат и Македонци, и Албанци, и Бошњаци, и Турци, и Роми, и Власи, и Срби, и помалкубројните заедници кои не се спомнати во преамбулата на Уставот. Пендаровски ќе биде Претседател на сите граѓани, без разлика на етничката и верската припадност. Самиот избор на Претседателот Пендаровски ќе го нацрта новото парламентарно мнозинство, кое ќе биде проевропско и ќе се залага за продолжување на европскиот пат на државата, изјави за „Фронтлајн“, Џелал Хоџиќ – претседател на Странка на Демократска акција на Македонија (СДА).

Рубин Земон

Претседателот на Партијата за општествен и економски напредок – ПОЕН, Рубин Земон вели дека проф. д-р Стево Пендаровски е едниствениот кандидат што е компатибилен на програмските определби на ПОЕН и кој во претходниот мандат како Претседател на Републиката, покажа дека државата Република Северена Македонија „беспрекорно ја етаблиравме во НАТО алијансата, како и сигурно чекориме во ЕУ интеграцииите, штитејќи ги при тоа националните интереси на сите граѓани, како и културниот, етничкиот и јазичниот идентитет на Македонскиот народ.“

– ПОЕН како протагонист на мултукултурното општество и интеркултурализмот во ликот на проф. д-р Стево Пендаровски пронаоѓа вистински лидер кон градењето на општествената кохезија и меѓуетничкото разбирање, изјави Земон за „Фронтлајн“.

Извршниот одбор на ПОЕН одноглсно на синоќешниот состанок одлучи да ја подржи кандидатурата на Стево Пендаровски за претседател на Северна Македонија.

Зад кандидатурата на Стево Пендаровски покрај СДСМ која ја номинира, стојат и ЛДП, НСДП, ВМРО-НП, Партија на пензионерите, како и неколку партии на етничките заедници на Турците, Ромите, Србите, Власите, Бошњаците… Коалицискиот капацитет е многу важна алатка на изборите, а посебно е вреден во вториот круг на изборите кога токму таа широка меѓупартиска и меѓуетничка поддршка ќе го одреди победникот на претседателските избори.

Актуелниот претседател и кандидат за нов мандат, Стево Пендаровски, зборувајќи за анкетите за претстојните претседателски избори, истакна дека никој никогаш не станал, со седум кандидати, претседател во првиот круг.

– Значи, анкетите што ги знам, додека ги знаат и во ВМРО-ДПМНЕ, е дека во вториот круг сигурно ќе го добијам новниот кандидат, рече Пендаровски во едено од своите телвизиски гостувања.

Дестан Јонузи

Tags: ЕУизбориНАТОРубин ЗемонСтево ПендаровскиЏелал Хоџиќ
Next Post

Вистината е бесплатна – скапо ја плаќаме лагата

НАЈНОВО

Фото: Фронтлајн, генерирано со ВИ

Дали витамин Ц навистина спречува настинка?

November 18, 2025
Леонардо Дикаприо. Фото: Скриншот

Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

November 18, 2025
Фото: Скриншот, видео Х

Украински борбен робот сам бранел позиција цели шест недели

November 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот, видео Јутјуб

    (ВИДЕО) Софи Трудо за Џастин и Кејти Пери и како се справува со тоа

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Леонардо ди Каприо откри кој е неговиот „омилен актер на сите времиња“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 17 ноември

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Том Круз доби Почесна награда на „Governors Awards“ – Академијата му оддаде признание за влијанието врз модерната кинематографија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дали е штетно да се пие вода додека јадеш?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk