ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Легализацијата на истополовите бракови во Грција ги разниша односите меѓу црквата и државата

March 6, 2024 10:56
in ДЕНЕС, РЕГИОН, ЧОВЕКОВИ ПРАВА
Share on FacebookShare on Twitter

Празнувањето на Неделата на православието односно првата недела од Великиот пост, наместо во Соборниот храм во Атина, каде што традиционално се одржува свечената литургија, оваа година, со одлука на Светиот синод на Грчката православна црква, ќе биде во мала црква, што според медиумите во Грција е во знак на протест поради легализацијата на истополовите бракови во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.

Светиот Синод на ГПЦ вчера одржа состанок и соопшти дека годинешното празнување на Неделата на Православието на 24 март ќе биде во црквата што се наоѓа веднаш до седиштето на Светиот Синод.

Во соопштението нема дополнителни појаснувања, но медиумите во Грција коментираат дека со оваа одлука се крши долгогдишната традиција празникот да се слави во Соборниот храм во Атина, а на овој начин ГПЦ го изразува своето незадоволство за изгласаниот закон.

Паралелно менувањето на локацијата во малата црква што е со ограничен простор ја става во прашање и можноста на литургијата да присуствуваат претседателката на Грција и претставници на власта и политичките партии во земјата, нешто што традиционално е пракса секоја година.

Портпаролот на Светиот синод кусо коментираше дека оваа година празнувањето ќе биде „на поскромен начин“.

Под знак прашалник е и присуството како на поглаварот на ГПЦ архиепископот Јеронимос, така и на членовите на Светиот Синод на традиционалниот ручек во Претседателската палата што во нивна чест го организира грчката претседателка Катерина Сакеларопулу, по повод празникот на Православието.

Од кабинетот на грчката претседателка соопштија дека Сакеларопулу во понеделникот ги испратила поканите.

-Претседателот и членовите на Светиот Синод секогаш се добредојдени во Претседателската палата, но паралелно се почитува и нивната одлука во однос на тоа дали ќе ја прифатат поканата, соопштија од кабинетот на грчката претседателка.

Законот за легализација на истополовите бракови пред 20 дена беше изгласан од грчкиот Парламент со широка поддршка од партиите, а меѓу оние кои јавно го поддржаа беше и претседателката на Грција.

Од друга страна, Светиот Синод на ГПЦ, јасно и јавно зазеде став дека е категорично против истополовите бракови.

Tags: ГПЦГрцијаистополови бракови
Next Post

Концерт под свеќи во Филхармонија: Виртуозот на виолина Марио Хосен и „Профундис“ ја носат „Candlelight“

EVN

НАЈНОВО

Фото: МВР

Во три сообраќајни несреќи тешко повредени тројца пешаци во Скопје, Куманово и Битола

January 27, 2026
Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

Корисниците на TikTok се жалат дека видеа против ICE не се објавуваат, компанијата вели дека е технички проблем

January 27, 2026
Фото: Ј. Ѓорѓиоски/Фронтлајн

Од Ленче Ристоска до Владимир Панчевски: Кои се кандидатите што сакаат да застанат на чело на Јавното обвинителство?

January 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk