ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Лагата може да е глупава, провидна и плитка, но пропагандата може да ја направи сеприсутна и – вистинита

March 7, 2024 09:53
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ВОЈНА ВО УКРАИНА, ДЕНЕС, СВЕТ, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

Пишува: ЏАБИР ДЕРАЛА

Паралелно со обновената офанзива на рускиот агресор во Украина почна и нова офанзива на рашистичката пропаганда. Очекувано, пропагандата е интензивна и валкана. Таа дотолку поголема, колку што се ограничени воените успеси на рускиот агресор во тридневната „специјална воена операција“ која навлезе во третата година. Тоа е објаснувањето зошто освојувањето на Авдиивка е толку голем успех за воениот злосторник Путин.

Да се потсетиме накратко, како функционира Кремљ и како реагира светот на тоа. Вечната неспремност на поголем дел од светот да се соочува со фактите се плодно тло за злосторничка клика како онаа во Кремљ и нивните рашистички пропагандисти.

Навистина, како е можно толку плитки „аргументи“ како што се руските да не бидат решително и целосно отфрлени во истиот момент кога се изговараат?

Впрочем, во тоа и се состои пропагандата. Лагите на авторитарните и злосторничките режими често се провидни и наивни до инфантилност, но тоа не е пречка тие да се шират како вирус.

Нивната распространетост е последица од неуморно и долготрајно дејствување на пропагандните машинерии во држави како руската. Тие постепено го нагризуваат општеството и го менуваат однесувањето на луѓето. Пропагандата на државата терорист е силна и во себе содржи децениска институционална меморија и искуство.

Пропагандата не нужно се труди да ги убеди луѓето во нешто. Доволно е да вбризга сомнеж, недоверба и страв кај луѓето. Потоа, секоја наредна фаза е полесна. Сомнежот предизвикува омраза, а потоа и несигурност, поларизација и – кога тоа е потребно – насилство.

Лагата може да биде глупава, провидна и плитка, но пропагандата може да ја направи сеприсутна и – вистинита.

Украинскиот министер за надворешни работи, Дмитро Кулеба, во видео обраќање на 6 март, во само пет минути, распарчи два од најчесто повторуваните наративи на руската пропаганда. Да ги видиме лагите и како тие се разобличуваат.

Кремљ тврди:

ЛАГА БРОЈ 1: Русија беше принудена да ја нападне Украина затоа што имала намера да се зачлени во НАТО.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА РУСКАТА ЛАГА БРОЈ 1: Министерот Кулеба ја посочува временската линија: Русија ја нападна Украина во февруари 2014 година и го окупира полуостровот Крим. Украина во тоа време е неутрална земја и немаше план да се приклучи на НАТО, туку во ЕУ. Значи, ЕУ, не НАТО. Тој план се менува по повеќемесечни борби со агресорите, па така, есента 2014 година, Украина се откажа од неутралноста. Останува фактот: Украина беше неутрална држава во моментот и во месеците кои следеа по првата руска агресија во 2014 година.

ЛАГА БРОЈ 2: НАТО вети дека нема да се прошири на исток, но подоцна го прекрши ова ветување.

РАЗОБЛИЧУВАЊЕ НА РУСКАТА ЛАГА БРОЈ 2: Пропагандата не може да даде одговор кога е дадено такво ветување и кој го дал. Зошто? Затоа што такво ветување никогаш не било дадено. Некои од пропагандистите тврдат дека дека ветувањето му било дадено на претседателот на СССР, Михаил Горбачов. Често се споменуваат американско-советските преговори за обединување на Германија во 1990 година, но тогаш Варшавскиот пакт сè уште постои. Едноставно, во тоа време не може да стане збор за проширување на НАТО на исток, затоа што Варшавскиот Пакт и Советскиот Сојуз сѐ уште беа функционални во 1990-та. Картата на Европа во тоа време беше сосема поинаква и таков разговор не би можел да се случи; распадот на Варшавскиот Пакт и СССР почнува во 1991 година. Кремљ лаже! И самиот Михаил Горбачов ја поби оваа лага, велејќи дека тоа е – мит. (Препорачувам да се погледне петминутното видео или да се прочита текстот на изјавата на министерот Кулеба: „Не ја повторувајте лагата дека Русија нападнала затоа што Украина сакала да влезе во НАТО – тоа не соодветствува со фактите“ на ЦИВИЛ.)

Пропагандните наративи на Кремљ се разобличуваат постојано, но тие секогаш одново се појавуваат и доминираат во јавниот дискурс на многу места во светот. Тоа е последица на руската пропаганда и субверзивно дејствување кои играат „долга игра“ – постојано да предизвикуваат сомнеж, страв и поларизација.


ПС. Македонската секција на руската пропаганда е многу податлива за анализа, лесно е да се препознае, бидејќи верно и без многу отстапувања ги следи пропагандните модели. македонските пропагандисти верно го следат и копират неконтролираното дрдорење на ноторниот рашист Соловјов, но можат да се „пофалат“ и со мрзеливост и неподготвеност, што само додава на нивната примитивност и вулгарност.


Текстот е личен став на Авторот | ЦИВИЛ МЕДИА

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: лажни наративиНАТОпропагандарашистиРуска агресијаУкраина

НАЈНОВО

Шест патници повредени по пожар во авион на „Рајанер“ во Палма де Мајорка

July 5, 2025

Мицкоски вели растел извозот, ќе имало повеќе пари за граѓаните

July 5, 2025

МЗ: Македонија меѓу првите држави со европски стандард во дигиталното здравство – „Жолто копче“

July 5, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Трамп не знаел дека навредливиот термин што го употребил во говорот се смета за антисемитски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk