ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Пендаровски: Не смееме да дозволиме фалсификување на вистината за холокаустот на македонските Евреи

Ние не смееме да дозволиме фалсификување на вистината за холокаустот на македонските Евреи бидејќи компромисот со вистината отвора можност за повторување на злосторствата. Антисемитизмот, не е, и никогаш не бил македонски феномен, но, оваа вистина мора да ја чуваме и да ги едуцираме нашите ученици и студенти, нашите млади за злото на антисемитизмот и за опасноста од ксенофобијата, порача претседателот Стево Пендаровски во обраќање на комеморативната вечер во спомен на депортираните македонски Евреи во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија.

March 11, 2024 21:39
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

На овој ден, пред 81 година, Евреите од Скопје, Битола и Штип беа насилно собрани од своите домови и транспортирани во зградата на скопскиот Монопол. Живото Еврејско маало што се наоѓало на просторов на кој денеска сме собрани, за час било испразнето и запустено. Тоа не била случајна или стихијна, туку, детално испланирана и спроведена акција на бугарскиот фашистички окупатор. Акцијата не била изолиран чин, туку интегрален дел од нацистичкиот план утврден на Конференцијата во Ванзе за „конечното решение на еврејското прашање“, рече Пендаровски.

Планот, додава тој, предвидувал систематско уништување на сета еврејска популација од Европа, вклучувајќи ги и Евреите од територијата на тогашна окупирана Македонија. Пендаровси потсетува дека во гасните комори во Треблинка за само 13 месеци, од август 1942 до септември 1943 година, околу 900 000 лица биле систематски убиени, а меѓу нив биле и македонските Евреи кои во тоа време претставувале 98 проценти од севкупната македонска еврејска популација, и третина од вкупните македонски жртви во Втората светска војна.

-Никаде во Европа „конечното решение на еврејското прашање“ не било поефикасно спроведено отколку во тогашна окупирана Македонија, подвлекува претседателот Пендаровски.

Сведоштвата на преживеаните од нацистичките логори ја замрзнуваат крвта, наведува тој, а преживеаните се согласни дека во нивните јазици недостасувале зборови за да го изразат тоа поништување на човекот. Пендаровски се осврнува и на мемоарите на Симон Визентал за ужасите на германски концентрациони логори и сведоштвото на еден од преживеаните од Аушвиц, Примо Леви, дека еден сон, една мисла ги прогонувала самите затвореници оти кога еден ден ќе се вратат дома и кога на некој близок ќе им раскажуваат за страдањата што ги минале дека нема да им поверуваат бидејќи сведоштвата се премногу монструозни за да им се верува.

-Македонските Евреи кои биле депортирани во Треблинка биле лишени дури и од можноста да сонуваат, а камоли да зборуваат бидејќи само часови по нивното пристигнување, сите до еден биле процесирани, соголени, спроведени во гасните комори, а нивните безживотни тела биле запалени. Од нив нема кој да зборува, бидејќи ниту еден не преживеал.Нивните имиња,  7 144 на број, педантно евидентирани од страна на фашистите, денес се испишани под трите урни со пепел од Треблинка. Ние немаме право да заборавиме, бидејќи заборавот е втора смрт. Но, нашето сеќавање не смее да биде селективно. Чувајќи ги спомените за жртвите, не смееме да дозволиме злосторниците да бидат славени, а соучесниците рехабилитирани. Бидејќи на тој начин би учествувале во она што Примо Леви го нарече војна против меморијата и фалсификување на историјата. Ние не смееме да дозволиме фалсификување на вистината за холокаустот на македонските Евреи бидејќи компромисот со вистината отвора можност за повторување на злосторствата, подвлече Пендаровски.

Антисемитизмот, нагласи тој, не е, и никогаш не бил македонски феномен, бидејќи на нашиот простор постоел вековен меѓуетнички и меѓурелигиски соживот, и почитување на различноста.

-Нема посилен доказ за ова од фактот дека голем дел од преживеаните македонски Евреи, оние кои беа спасени и ја избегнаа депортацијата, активно се вклучија во народноослободителната и антифашистичката борба на македонскиот народ. Меѓу нив има партизани, народни херои и учесници на државотворното заседание на АСНОМ. Преживеаната еврејска заедница придонесе за изградбата на слободната македонска држава. Затоа, иако е малобројна денес, еврејската заедница во Северна Македонија е високо почитувана. Но, оваа вистина мора да ја чуваме и да ја пренесуваме на идните поколенија. Треба да ги едуцираме нашите ученици и студенти, нашите млади за злото на антисемитизмот и за опасноста од ксенофобијата. Тоа се и обврски што како држава ги преземавме на Меѓународниот форум за холокаустот во Малме. Иако не е лесно, ниту пријатно да се истражува овој амбис на злото, сепак е неопходно, за да не дозволиме злосторниците да го имаат последниот збор, порача претседателот Пендаровски.

На комеморацијата вечерва во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија беше прикажан и филмот „Монопол“ од Гал Геносар, снимен според вистинска приказна за едно македонско еврејско семејство, а свои обраќање имаа и претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, амбасадорката на Државата Израел, Симона Франкел и германскиот специјален пратеник за Западен Балкан, Мануел Сарацин.

По повод одбележувањето на 81 година од депортирањето на македонските Евреи во нацистичкиот логор „Треблинка“, денеска беше положено цвеќе пред споменикот на 7.144-те депортирани македонски Евреи во дворот на поранешниот скопски Монопол. Меѓу оние кои положија цвеќе, беа претседателот на државата, Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери, пратеници и амбасадори.

Next Post
Фатмир Битиќи. Фото: Дехран Муратов

Битиќи: ВМРО-ДПМНЕ прави „бел штрајк“ со нивниот паралелен систем во институциите.

Shortcut

Најново

Фото: Скриншот, видео Ролан Гарос

(ВИДЕО) Тинејџерот Фонсека го исфрли Ѓоковиќ, Ролан Гарос ќе добие нов Грен слем шампион

May 29, 2026
Анаис. Мотив, Охрид

Викенд хороскоп на Анаис за 30 и 31 мај 2026: Кулминација на Сината Месечина и големата транзиција

May 29, 2026
Фото: Лени вон Гелева

Никола Гелевски – Коља е добитник на наградата „Македонско стрип наследство“ за 2026 година

May 29, 2026

Никола Груевски добил Унгарско државјанство во 2022 година

May 29, 2026

Стојчевски од СДММ: Распишете референдум, младите сакаат самите да одлучат за европската иднина

May 29, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Кочоска Димитриеска ја повика опозицијата на средба, Филипче прифати, но бара камери

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Удар врз Перез: Милијардерот Рикелме влегува во трка за претседател на Реал Мадрид со ветување за две суперѕвезди

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Како виралниот хит „Let Me Be“ креиран со вештачка интелигенција го преплави интернетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис за 26 мај 2026: Тактичност во договорите и консолидација на рамнотежата

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Срамна прослава: Фудбалерите на Вардар ја навредуваа Каролина Гочева со вулгарна песна, Неделковски се „извини“ со нов мизогизам

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk