ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Маричиќ: Рушење на оваа преговарачка рамка значи Македонија да се врати 10 години назад и отворање на веќе затворените прашања

March 14, 2024 22:52
in PMD, ZOOM IN, ДЕНЕС, ПОЛИТИКА

На тоа дали е возможно да се промени преговарачката рамка, првиот вицепремиер на Владата, Бојан Маричиќ на ТВ 21, се осврна на времето кога ВМРО-ДПМНЕ ги убедувала граѓаните дека може да ги смени правилата на НАТО, за да Северна Македонија стане членка на НАТО, без волјата на Грција. Како и дека ќе го испратела бугарскиот премиер на кафе за да влеземе во ЕУ без Бугарија. Притоа тој ги нарече „скапи заблуди“, ваквите изјави на ВМРО-ДПМНЕ, кој граѓаните ги плаќаат скапо на крај.

„Реалноста е дека ние имаме преговарачка рамка, која тешко сме ја испреговарале и во едни тешки услови и во време на француското претседателство сме добиле еден конкретен предлог. Не велам дека е идеален, ниту дека сме биле воодушевени од него, дека ЕУ била целосно фер кон нас. Точно е дека нашиот пат кон ЕУ е еден од најтрнливите ретко која држава во нашиот регион поминала толку тежок пат, но вистинското прашање е која е нашата реална алтернатива. Дали ние сметаме дека постои друга алтернатива со која ние сами можеме да ги решиме нашите проблеми, исклучиво без помош и без рамката на ЕУ, или дека имаме други подобри опции. Ако веруваме во ЕУ, треба да веруваме како механизам за промени, како нешто што ќе ни донесе реформи кои не можат да се вратат назад. И сега со Планот за раст и со преговарачката рамка, имаме зацртани чекори кои мора да ги направиме во наредните седум години,“ рече Маричиќ.

Тој посочи дека преговарачката рамка не може да се менува затоа што се согласиле 27 држави членки и нејзината промена би била почнување од почеток со преговори за преговарачка рамка, и сите прашања кои се веќе решени, како прашањето за македонскиот јазик, ќе бидат повторно отворени.

„Во моментот никој не го спори македонскиот јазик, и ЕК ангажира и преведувачи, кога одиме впо Брисел го користиме. Дали сме подготвени пак да преговараме за македонскиот јазик? Дали Мицковски е подготвен? Или можеби во Букурешт сега кога разговараа со Борисов, и со луѓето од Европската народна партија,можеби ветиле некому нешто? Можеби ветиле отстапки, можеби ќе прават.Но, јас ве уверувам дека подобра преговарачка рамка нема да добиеме, и влегувањето во тоа е многу опасно за нашата земја. Процесот на рушење на оваа преговарачка рамка значи Македонија да се врати 10 години назад,без никаква гаранција дека ќе добие нова преговарачка рамка, која ќе бид епо наша мерка,“ порача Маричиќ.

Next Post

Ќе направи сè климата во земјата од демократска да ја претвори во авторитарна и насилничка

НАЈНОВО

Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

August 31, 2025
Фото: Муцунски ФБ

Муцунски: Филипче е противречен, од една страна говори за уставни измени, од друга за прекин на преговорите ако има ново вето

August 31, 2025

Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

August 31, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Според Пандов, Тодор Александров е еден од славните македонски синови – одбележани 101 година од убиството на контроверзниот историски лик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Марс – мистерии, мисии и идни патувања на Црвената планета

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанската полиција спасила македонски параглајдерист носен од невремето

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поглавицата легнува со жена, се буди со коњска глава, ја бакнува и оди на работа!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Поголем дел од Аеродром и Ново Лисиче и дел од Центар без струја поради дефект на трафостаница

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk