ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home СПОРТ

(ФОТО) Украинската фудбалска легенда Андриј Шевченко пристигна во Скопје

March 20, 2024 16:12
in ZOOM IN, ДЕНЕС, СПОРТ
Андриј Шевченко во Скопје. Фото: Атанас Петровски / Цивил Медиа

Андриј Шевченко во Скопје. Фото: Атанас Петровски / Цивил Медиа

Share on FacebookShare on Twitter

Украинската фудбалска легенда Андриј Шевченко кој е претседател на Фудбалскиот сојуз на Украина и Надворешен советник за спорт на украинскиот претседател Володимир Зеленски, попладнево пристигна во Скопје, каде присуствува на дуелот помеѓу македонската и украинската машка фудбалска репрезентација до 19 години.

Шевченко е поранешен украински фудбалер кој важеше за еден од најдобрите фудбалери во светот. Во 2004 година беше награден со престижната Златна топка. Во својата кариера бил играч на Динамо Кијив, Милан и Челси, како и на украинската репрезентација.

Познат бил како фудбалер со неверојатен инстинкт за постигнување голови, бидејќи моментално е трет најдобар стрелец во историјата на Лигата на шампионите, со дадени 59 голови, веднаш зад Раул (77) и Филипо Инзаги (70). Исто така важи и за трофеен спортист, а како негови најголеми дострели се сметаат титулата со Милан во Лигата на шампионите (сезона 2002/2003) и Скудетото во Серија А (2003/2004). На репрезентативен план, под водство на тренерот Олег Блохин, успеал со Украина да влезе во четвртфиналето на Светското првенство 2006 год, каде загубиле од подоцнежниот првак Италија.

На 28 јули 2012 г. се повлекол од активното играње фудбал. Неговиот последен натпревар бил на Евро 2012, каде Украина биле домаќини, и тоа против фудбалската репрезентација на Англија. Последниот клуб во кој настапувал бил Динамо Кијив.

Дуелот помеѓу фудбалските репрезентации на Северна Македонија и Украина до 19 години, го стартува квалификацискиот турнир од елитната рунда во обид да се избори настап на Европското првенство, чиј домаќин од 15 до 25 јули ќе биде Северна Ирска.

Избраниците на селекторот Тони Јакимовски се дел од групата 7 во која за противници ќе ги имаат селекциите на Швајцарија, Украина и Латвија, а пласман на завршниот турнир ќе обезбеди само првопласираната репрезентација.

Во вториот дуел од воведното коло во квалификациската група 7, на стадионот на Македонија Ѓорче Петров ќе играат Швајцарија и Латвија.

Македонските фудбалери во второто коло в сабота во истиот термин во комплексот „Петар Милошевски“ ќе играат против Швајцарија, а во последното коло на 26 март за противник ќе ја имаат Латвија.

ЕДИТ:
Украина на теренот на стадионот „Петар Милошевски“ победи против Северна Македонија со резултат 0:2 . Победникот беше решен кон крајот на првото и почетокот на второто полувреме, најпрвин Кревсун во судиското продолжение ги доведе гостите во водство од 0-1, за Пономаренко во 48. минута да ги постави конечните 0-2.

Ј. Ѓ.

Фото: Атанас Петровски / Цивил Медиа

Tags: Андреј ШевченкоУкраинафудбал
Next Post

На седница на ДИК избрани претседатели, членови и нивни заменици за испразнети места во ОИК

Shortcut

Најново

Денот по Денот на мирот

September 22, 2026

Самит за Крим во Њујорк: Политичкиот прогон, милитаризацијата и деокупацијата во центарот на меѓународната агенда

September 22, 2026
Сања Божиновска (фото: https://energy.gov.mk)

Броила, „Руднап“ и 13,2 милиони евра: Каде лежи зајакот во судирот Божиновска – СДСМ?

September 22, 2026

СЕЗОНСКИ ПОПУСТ на изданијата на ЦИВИЛ и Frontline Press во книжарницата „Или-Или“ – до 2 октомври

September 22, 2026

Неверојатно но вистинито: Убедлива победа на Путин!

September 22, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Како една објава ја преобликуваше глобалната дебата за вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Најопасната лага на социјалните мрежи воопшто не е лага

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • САТИРА: Не фала, од дома си носиме шопска и жолта со гаранции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Бран од жестоки критики по маневарот на Мајк Џонсон за спас на Хегсет: Претставничкиот дом распуштен за да се спречи импичмент и судење во Сенатот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Чалам на виткање, карактер на расклопување

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk