ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕКОНОМИЈА

Костадиновска-Стојчевска: „Стоби“, со над 180 илјади евра неповратни средства од ЕУ, е пример за видливи придобивки од евроинтеграциите

March 20, 2024 15:27
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ЕКОНОМИЈА, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура, Бисера Костадиновска-Стојчевска, првиот заменик на претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, и дополнителната заменичка-министерка за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска, денеска го посетија Археолошкиот локалитет „Стоби“ каде што се во тек активности за реализација на проектот „Конзерваторско-реставраторски работи и конструктивно зајакнување на објектот Стара железничка станица и нејзина адаптација во центар за посетители“.

− Објектот на „Старата железничка станица“ во „Стоби“, кој со поддршка од ИПА–фондовите прерасна во нов, модерен центар за посетителите, е уште една потврда дека евроинтеграцијата не е само апстрактна приказна туку конкретна и видлива придобивка за граѓаните −рече Костадиновска-Стојчевска.

Министерката за култура информираше дека Европската Унија вложи над 495 000 евра неповратни средства во проектот „Еуропос Платино Стоби – Европското минато, иднина и културни вредности“. Од нив, 186 000 евра доби „Стоби“ за адаптација на објектот во кој посетителите ќе имаат можност да го видат движниот културолошки слој на овој археолошки локалитет, со што „Стоби“ станува поатрактивен за туристите.

– Оваа иницијатива, која беше препознаена и од партнерите во Грција дека ЕУ-фондовите не само што побрзо нè движат на европскиот пат туку и придонесуваат во одржувањето добрососедски односи и за зајакнување на комуникацијата и довербата“, нагласи Костадиновска-Стојчевска, која упати честитки до директорот на НУ Археолошки локалитет „Стоби“, Спасе Перовски, и до сите вработени за посветениот ангажман во обезбедувањето на европските средства преку ИПА-прекугранична програма со Грција.

− „Стоби“ е атракција сам по себе, но содржините што ќе се нудат во Центарот ќе бидат додадена вредност за секој посетител што овде ќе има можност да доживее ново визуелно, образовно и интерактивно искуство − истакна Костадиновска-Стојчевска, која додаде дека покрај древната историја на овој антички град, преку овој центар, на современ начин ќе се слуша гласот за историјата, културата и идентитетот на актуелната македонска култура.

Костадиновска-Стојчевска додаде дека ваквите успешни имплементации на проекти од ИПА–програмата за прекугранична соработка го трасираат најефикасниот и единствен пат за остварување на нашата мисија, а тоа е трајна и одржлива заштита на македонското културно наследство во ЕУ.

Проектот „Еуропос Платино Стоби – Европското минато, иднина и културни вредности“ го реализира НУ Археолошки локалитет „Стоби“ со донација од Европската комисија преку телото за управување и развој на ИПА за прекуграничната програма Грција – Македонија, Република Грција. Партнери во проектот се: „CISS Cooperazione, Regional Development Found of Central Macedonia – Region of Central Macedonia“ и „Ephorate of Antiqes of Kilkis“.

Next Post
Андриј Шевченко во Скопје. Фото: Атанас Петровски / Цивил Медиа

(ФОТО) Украинската фудбалска легенда Андриј Шевченко пристигна во Скопје

Shortcut

Најново

Џабир Дерала

Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

July 8, 2026

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Новинарскиот кодекс го препознава ризикот, но не и реалноста на вештачката интелигенција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk