ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Забрчанец: Чест ми е што дадов придонес за реконструкцијата на старото училиште во Љубојно и адаптација во центар за промоција на македонскиот јазик

March 21, 2024 14:35
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Share on FacebookShare on Twitter

Министерката за култура Бисера Костадиновска Стојчевска објави видео во кое вели „Со Центарот за македонски јазик во Љубојно го заштитуваме и афирмираме нашиот идентитет и нашата јазична посебност“

Марјан Забрчанец, Национален координатор за Отворен Балкан и за регионални иницијативи, надоврзувајќи се на објавата на министерката, вели дека му преставува голема чест што можел да придонесе за иницирањето на реализација на овој проект.

„Голема чест ми е што имав можност да придонесам кон иницирањето и подготовките за реализацијата на овој проект со кој македонскиот јазик се става на пиедесталот на Преспа и на македонската култура. Честитки за Министерство за култура и за министерката Бисера Костадиновска Стојчевска што успеаа да ги обебзедат условите за почеток на реставрацијата на старото училиште во Љубојно и за негова трамнсформација во Центар за унапредување на македонскиот јазик. Честитки и благодарност и за напорите на Зоран Заев, Живко Гошаревски, Димитар Ковачевски, Бојан Маричиќ, Митко Трајчулевски, Борјан Јовановски, Ирена Стефовскаo, Македонистите од Институтот за македонски јазик, одговорните од Завод и музеј Битола и секако покојниот Горјан Тозија – Медо (простете ако некого сум испуштил ненамерно). Со нетрпение чекаме да завршат градежните зафати и просторот да стане активна платформа за нови промоции на нашиот македонски јазик“, пишува Забрчанец во објава на Фејсбук.

Пред неколку денови почна реконструкцијата на старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно и негова адаптација во центар за промоција на македонскиот јазик. Планираните активности на училишниот објект каде на 15 ноември 1945 година е одржан првиот час по македонски јазик, според ресорната министерка Бисера Костадиновска Стојчевска ќе бидат завршени до крајот на следната година.

Костадиновска Стојчевска рече дека во изминатиот период надлежната установа Завод и Музеј Битола со стручните тимови и со сите инволвирани во процесот работеле со многу трпение, посветеност и професионалност во исполнување на бројните неопходни чекори за остварување на визијата за модерен центар за промоција на Љубојно, на Преспа и на македонскиот јазик и идентитет.

Таа потсети дека проектот почна со прогласување на село Љубојно за заштитна споменична целина, по што беа изработувани сите елаборати и проекти за да се добие градежната дозвола и да може да почне градбата.

-Владата, Министерството за култура и НУ Завод и Музеј, со сето срце и одговорност се заложија објектот со имотен лист број 55 да заживее во чест на македонските дејци и на сите просветните работници, како и во чест на сите оние на кои споменот на школските денови во старото училиште се повеќе од спомени. Центарот за македонски јазик ќе биде наш заеднички паметник за кој до крајот на наредната 2025 година со задоволство ќе речеме – амантетот го исполнивме, рече Костадинвска Стојчевска.

Владата на седница во јануари лани донесе одлука старото училиште „Димитар Влахов“ во село Љубојно да се адаптира во центар за промоција на македонскиот јазик. Објектот има историска вредност бидејќи на 15 ноември 1944 година првпат во Преспа, Љубојно е почната настава на македонски јазик. Постапката за негова реконструкција и ревитализација како центар за промоција на македонскиот јазик е на иницијатива на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Битола.

Ј. Ѓ.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бисера Костадиновска СтојчевскаЉубојноМарјан Забрчанец

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Мицкоски и рускиот ДУМА пратеник, тоа се тие афирматори на „данок на бездетност“

July 4, 2025

Премиерски патрдии: Прво данок за бездетност, па може да тера и „Гилеад“, за спас на Македонија!

July 4, 2025

Маск повторно го отвори прашањето за формирање на трета политичка партија во САД

July 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Македонски државјанин загина во сообраќајка во Србија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Османи: Владата направи огромна грешка што го постави македонскиот јазикот како алатка за дневна политика и популистичка егзибиција

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Шибај со демохристијанство и лажен морализам, удри по сиромашните и самците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Време е за држава каде што ќе се раѓаат повеќе деца и младите да стапуваат во брак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Маратонката Поп Арсова обезбеди пласман на Светското првенство во атлетика „Токио 2025“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk