ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Свечена заклетва на 30 слушатели на курсот за офицери на Армијата, Петровска им порача дека стануваат дел од семејството кое се грижи за безбедноста на земјата

March 27, 2024 14:40
in ДЕНЕС, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Триесет млади граѓани, идни офицери на Армијата на Република Северна Македонија денеска на Воената академија во Скопје дадоа свечена заклетва, по што ќе започнат со нивното школување на Воената академија, соопштија од Министерството за одбрана.

Министерката за одбрана Славјанка Петровска во обраќањето по овој повод, на слушателите на Курсот за стручно оспособување и усовршување на офицери им порачала дека оваа заклетва преставува нешто многу повеќе од изговорените зборови и дека ја симболизира нивната непоколеблива посветеност на кауза што е поголема од нив самите.

– Како идни офицери, ќе ја носите тежината на одговорноста на вашите рамена. Ќе бидете повикани да водите со храброст, интегритет и разбирање. Ќе ви бидат доверени животите на оние кои ќе бидат под ваша команда, а одлуките што ќе ги донесете ќе имаат големо влијание врз нивната благосостојба но и безбедноста на нашата татковина. Затоа посветено и внимателно учете ги содржините за време на курсот, усовршите ги своите вештини, а вашата цврстина и посветеност нека ги надминат сите предизвици, нагласила Петровска, стои во соопштението од МО.

На идните офицери кои доаѓаат од различни бранши таа им упатила благодарност што одговориле на повикот и им порачала дека нивната храброст и посветеноста на должноста го претставуваат најдоброто од нашата земја. Идните офицери, потенцирала, не се сами на патот кон стекнување на првиот офицерски чин.

– На ова патување не тргнувате сами. Имате целосна поддршка од вашите колеги, вашите професори и нашата земја која длабоко ја цени вашата жртва и служба. Вие станувате дел од заедница, дел од семејство,  истакнала Петровска.

Деканот на Воената академија, полковникот Митко Богдановски нагласил дека Академијата, именувана по генералот Михаило Апостолски, е симбол на патриотизам, храброст и издржливост.

– Наследството на генерал Апостолски е инспирација за сите што се дел од оваа институција и нè потсетува на жртвите положени за нашата слобода и независност, истакнал Богдановски.

Тој додал дека со давањето на свечената заклетва, нашите идни офицери гордо презедоа одговорност и целосна посветеност на одбраната и безбедноста на нашите граѓани и на сојузниците.

На денешната свеченост присуствувал и командантот на Командата за обука и доктрини, полковник Васко Коколански, претставници од Воената академија, останати гости од Министерството за одбрана и Армијата, како и  членови на семејствата на слушателите на курсот.

 

Tags: Воена академијакурсот за офицери на АрмијатаПетровскаСвечена заклетва
Next Post
Фото: Универзитет во Оксфорд

Која е најскапата прашкаста супстанција на Земјата што се продава за 140 милиони долари за грам?

Shortcut

Најново

КРВАВ МАСАКР ВО КРАКОВ: Шестмина убиени на плоштадот, уште три тела пронајдени во домот на напаѓачот

November 8, 2026

Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

November 4, 2026

„Блунами“ во САД: Нов инфографик на ЦИВИЛ МЕДИА за изборниот пресврт и последиците за Трамп

November 4, 2026

Алта банка: Опозицијата бара оставки, истраги и одговорност од власта

November 3, 2026
Запорижја, 2 ноември 2026 (ДСНС)

Училиште и засолниште под руски бомби: 29 загинати во Комишуваха, нови напади врз цивилите во Украина

November 3, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Злобни напади врз чесната власт

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „СМС на смртта“ и банкарски тројанец: Две безбедносни закани за корисниците на Android

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Брисел со нова стратегија за проширување: Северна Македонија ризикува дополнително да заостане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Уапсен Давор Мацура, сопственикот на Алта банка: Што се случи?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кој е Петар Богојески новиот директор што ќе управува со парите од „Еразмус“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk