Астрономите беа изненадени од „златната треска“ на нови галаксии, со 49 откритија за само 3 часа откриени сo помош на радио телескопот MeerKAT лоциран во Јужна Африка, пишува Space.com.
Тие беа наречени „49ers – четириесет и деветмина“, како повратен повик на називот даден на илјадниците рудари за злато кои се собраа во Калифорнија за време на златната треска во државата, која го достигна врвот во 1849 година. тоа име сега го носи американскиот фудбалски тим „San Francisco 49ers“ .
Тимот астрономи се обидуваа да го проучат гасот што формира ѕвезди во една галаксија. Наместо тоа, тие пронајдоа 49 нови галаксии во набљудувања кои траат околу 180 минути, со што ја покажаа моќта на MeerKAT кога станува збор за откривање на гас што формира ѕвезди.
Водачот на истражувањето, Марцин Гловацки, од Универзитетот Кертин на Меѓународниот центар за истражување на радио астрономијата (ICRAR) во Западна Австралија, ги гледа 49-те нови галаксии како „златни грутки“ за астрономите.
„Не очекував да пронајдам скоро 50 нови галаксии за толку кратко време. Со имплементирање на различни техники за пронаоѓање галаксии, кои се користат за други истражувања на MeerKAT, успеавме да ги откриеме сите овие галаксии и да ја откриеме нивната содржина на гас“, рече Гловацки во изјавата.
Многу од 49-те новооткриени галаксии се наоѓаат во непосредна близина една до друга и формираат групи на галаксии.
Истражувањето на тимот беше објавено онлајн во вторникот (26 март) во месечните известувања на Кралското астрономско друштво.
Подготви: Ј. Ѓ.