ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дали овие избори се „историски“, или само партиски вокабулар за прибирање на гласови

April 2, 2024 15:56
in PMD, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Во пресрет на двојните избори, политичките партии ја нагласуваат реториката како клучен елемент на предизборната кампања, нарекувајќи ги годинешниве избори „историски“. Во време на политички избори, зборот „историски“ станува клучен дел од речникот на политичките актери во земјава.

Се употребува како средство за мобилизација на електоратот и за креирање на емоционална врска со гласачите, со цел да се осигура поддршка и победа на изборите.

„Европскиот фронт“ претставен како „историски настан“

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети човекот што го зачна „Европскиот фронт“ и заедно со првиот човек на партија Попули, Скендер Реџепи – Зејд ставија потпис на коалицискиот договор за соработка за претстојните избори, и официјално го започна формирањето на Европскиот фронт со слоганот на кампањата „Не на Русија, Да за Европа“, го претставија овој ден како „историски настан“, поглавје коешто, според нив, ќе се памети долго време во историјата.

„Имаме една мисија – а тоа е членството во ЕУ“, порача Ахмети кој повика на мобилизација на гласачкото тело и за претседателските и за парламентарните избори. На присутните на свеченоста им порача дека изборите ќе бидат еден вид референдум за одлуката дали земјата ќе продолжи напред кон ЕУ, или ќе остане во место.

Дури и албанската опозиција составена од Демократската лига на Изет Меџити, Алтернативата на Африм Гаши, Движењето „Беса“ на Билал Касами, Алијансата за Албанците-крилото на Арбен Таравари и Беким Ќоку претставник од Ветевендосје, имаат иста реторика. Постојано го спомнуваат зборот за историски избори во смисла на промена на власта, условно кажано кај албанскиот блок.

ВМРО – ДПМНЕ

Ако има некоја партија која најмногу ја употребиле фразата „историски“, тоа секако е партијата ВМРО-ДПМНЕ. На секој изборен циклус постојано споменуваат дека „овие избори“ се своевиден референдум.

Оваа партија го користи зборот „историски“ особено за да ја диктира реториката дека ВМРО-ДПМНЕ кога ќе дојде на власт, нема да прифаќа диктати, изнуди и уцени од други партии за евентуална владина коалиција.

Според многу пати искажаните изјави на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицоски, кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ ќе победи убедливо на претседателските избори, а ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата убедливо ќе победат на парламентарните избори.

„Нема веќе сила која тоа ќе го спречи. Народ никој не победил.  Важно е таа победа да биде историска, да биде со 61 пратеник“,  истакна пред своите симпатизери лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

СДСМ 

За разлика од претходните изборни процеси, кога масовно се користеше зборот „историски“, овој пат од СДСМ, засега, не го користат.

Од друга страна, претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски не се служи со овој речник, а на партискиот конгрес кога ги објави носителите и ко-носителите на изборните листи пред своите сопартијци рече  дека бара подршка за европска Македонија

„Како што стојам тука и од вас ја барам поддршката за кандидатските листи на СДСМ, така утре сите заедно ќе стоиме пред граѓаните да ја бараме поддршката за европска Македонија. Поддршка за пратениците кои ќе ја донесат одлуката да се донесат сите потребни измени за Македонија до 2030 година да стане земја членка на Европската Унија“, рече Ковачевски.

Политичките партии кои учествуваат на претседателските и парламентарните избори веќе ги избраа своите кандидати. До официјалниот почеток на изборната кампања дефинирани се пет коалициски групирања – „Коалиција за европска иднина“ предводена од СДСМ, коалиција „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, коалиција „Храбро за Македонија“ предводена од ГРОМ, коалиција „Европскиот фронт“ предводена од ДУИ и коалиција „ВРЕДИ“ на албанската опозиција. Самостојно на изборите, според досегашните најави, одат ЗНАМ – За наша Македонија и партијата „Левица“. На 4 април започнува изборната кампања за седмите претседателски избори на кои во првиот круг на 24 април ќе се гласа за седум кандидати. Парламентарните избори, пак, се закажани на 8 мај, а до 2 април учесниците на изборите треба да ги достават до ДИК листите со кандидати за пратеници.

Назми Абдурахмани / Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ВМРО-ДПМНЕДУИСДСМ
Next Post

Целосно затемнување на Сонцето над Северна Америка на 8 април

НАЈНОВО

Филипче од Кочани: Ниту еден политичар не може да оди со крената глава во Кочани, не се оди така пред луѓе што изгубиле сè

October 13, 2025
Фото: МИА

(ВИДЕО) Енис Барди со еврогол – Македонија нерешено со Казакстан

October 13, 2025
Генерирано со ВИ

Tрамп: Потпишан историски документ, војната во Газа е завршена, започнува реконструкцијата

October 13, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Израел почна со ослободување палестински затвореници по размената со Хамас

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Интервју со Дино Имери, пијанист и Дијана Илкоска Имери, диригентка: „Дон Кихот“ го носиме во Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Даскаловски: Струмица е град кој не се покорува, да ја продолжиме успешната приказна што ја градиме 20 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски: Жално е позитивните економски индикатори да бидат прекинати со предвремени парламентарни избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кокаин, оставка и извинување: Скандалот со директорот на Неврологија и член на ВМРО-ДПМНЕ д-р Кузмановски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk