Пишува: ДРАГАН МИШЕВ
Околу одговорот на ова прашање изгледа дека дилема има и самиот српски претседател Александар Вучиќ, кој при читањето на насловот во весникот „Нова“ се прочита себе си, иако јасно пишуваше дека станува збор за Милош Вучевиќ, актуелниот лидер на Српската напредна партија (СНС).
Но затоа, немаше дилеми при изборот на Милош Вучевиќ за мандатар на новата српска влада, со кого заедно ќе веслаат како двоец без кормилар низ надојдените води на неизвесноста кои ги носи иднината за Србија.
Се чини дека ваквиот избор е најблизок до идеалниот според потребите на Вучиќ, со оглед на неможноста самиот себе да се клонира и да се предложи и за функцијата премиер.
И така, Милош Вучевиќ низ кариерата, пред Вучиќ, зад Вучиќ и оп, „догура“ до премиер.
За курсот што ќе го заземе новата српска влада предводена од Вучевиќ, може да се насети од изјавите на српските опозициски политичари: Подобар кандидат, а да е на слобода и да не се бара со потерница не можеа да најдат; Ништо не го препорачува освен тоа што е интимен на Вучиќ; Лесно се скротува; Какви избори – таков премиер; Вучевиќ како Ана Брнабиќ само ќе ја спроведе волјата на Вучиќ.
Преземено: Цивил Медиа
Текстот е личен став на Авторот.
Прочитајте и:
Милош Вучевиќ: Преку фингирана кривична пријава за Вучиќ до премиер на Србија