ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски: Целта на ВМРО- ДПМНЕ што е? Да си преговараат со Бугарија, исто како што 11 години си преговараа со Грција

April 3, 2024 19:47
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

„Ова сме го слушале, преговарање. Целта на ВМРО ДПМНЕ што е? Тие да се вратат пак да си преговараат со Бугарија, исто како што 11 години си преговараа со Грција. Ние сега преговараме со ЕУ. Главните разговори со француското претседателство беа и тоа посебно во месецот јуни, Северна Македонија  да ја одржи на 19 јули првата меѓувладина, да ги отвори преговорите со билатерален скрининг, втората меѓувладина да биде одржана без никвко закажување откако ќе биде спроведена обврската во делот на вклучување на други делови од народи во нашиот устав каде веќе има други делови од народи, вклучително и бугарскиот народ и да почне отворањето на поглавјата со нормално чист, наведен македонски јазик во преговарачката рамка. Тоа го добивме,“ рече  претседателот на СДСМ и носител на листа во ИЕ 1, Димитар Ковачевски на дуелот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ на Канал 5 Телевизија.

Ковачевски посочи дека обврска на секој пратеник, обврска на секој кој ги претставува граѓаните е  да им обезбеди европска иднина.

„Во Собранието мнозинството пратеници донесоа заклучоци со кои што ја одобрија преговарачката рамка и ја задолжија и оваа влада, односно мојата влада, и оваа која што е сега и било која идна влада  при преговорите со ЕУ да се држи до заклучоците во  она што го донесе Собранието, а во согласност со преговарачката рамка. И јас ви кажувам, еден ден кој што ќе биде многу скоро Северна Македонија  ќе ги донесе уставните измени, Северна Македонија  ќе ги отвори кластерите и Северна Македонија  ќе стане земја членка на ЕУ. Се друго е неодлучност и бегање од одговорност,“порача Ковачевски.

За минатото зборуваат историчарите, за иднината одлучуваат политичари со визија

ВМРО – ДПМНЕ  потврдува дека единствено можеме да слушаме лекции од минатото, јас сум овде да зборувам за иднината, затоа што кога зборуваме за избор меѓу надеж и  безнадежност, меѓу евроспката иднина и изолација зборуваме за визија и за иднина“ рече претседателот на СДСМ Димитар Ковачевски.

„Значи јас кажав и во Брисел и тука, дека ова не е процес на еден човек, на една партија и Влада. Ова е обврска на сите политички актери во државата да обезбдат европска иднина на Македонија. Ние добивме преговарачката рамка кога никој не очекуваше, сите да ги прашате, не очекуваа со чист македонски јазик преговарачка рамка. Што се случи во јули 2022, протести кој ги организираше Мицкоски заедно со други опозициски партии за кои сега мора да кажува дека не се познава, каде што велеа ќе сме го изгубиле јазикот, идентитетот. И после 2 години што имаме? Имаме македонски јазик во ЕУ, имаме чист македонски идентитет бидејќи јас, вие господине Мицкоски сме Македонци тоа никој не го оспорува и имаме македонска кулутра која е застапена во сите главни градови на ЕУ. Тоа е лидерство и носење на одлуки“ кажа Ковачевски.

Тој истакна дека уставните измени претставуваат обврска на Македонија во поглед на отворање на кластерите во преговорите со ЕУ.

Tags: ВМРО-ДПМНЕКовачевски
Next Post

Инстаграм, Вацап и Фејсбук беа офлајн поради голем прекин во компанијата Мета

Shortcut

Најново

Постизборен Израел: Нетанјаху без мнозинство, опозицијата поделена

October 28, 2026
Суми, Украина, 27 октомври 2026 (ДСНС)

Студот и темнината како оружје на агресорот – Комисија на ОН утврди воени злосторства и злосторства против човештвото во нападите врз украинската енергетика

October 28, 2026
Министерот за внатрешни работи на Србија, Ивица Дачиќ, прогласи највисок степен на терористичка закана (РТС)

Србија прогласи највисок степен на терористичка закана по нападот пред израелската амбасада во Белград

October 28, 2026

Злато и бронза за македонската репрезентација на Балканското СХ првенство во Романија

October 27, 2026
Топлина за Украина

Топлина за Украина: Да помогнеме амбуланта близу фронтот да добие генератор

October 27, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Никола Спасов

    Пропагандата што го одржуваше Вучиќ на власт на крајот и го порази

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Моника Тасевска, сексуална работничка: Не ги продаваме телата, продаваме сексуални услуги, тие што плаќаат не нè поседувaат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Сини зони, рамна Земја и целиот свет против нас: кога митот станува државна политика

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ЦИВИЛ МЕДИА со интензивно известување за изборите во Србија: Теренски извештаи од Белград, видеосведоштва, анализи и ексклузивни изјави

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ВУЧИЌ ПАДНА: Студентска победа, крај на 14-годишната доминација на СНС – што е следно за Србија?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk