ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

(ПРЕГЛЕД НА ЦИВИЛ) Албански медиуми: ИЦГ – „Косово ја добива битката за контрола на северот“; околу 400 српски екстремисти се обучуваат околу границата со Косово; Политичкиот екстремизам во Албанија е позагрижувачки од верскиот

April 3, 2024 16:27
in PMD, ДЕНЕС, МЕДИУМИ, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

Според извештајот од Меѓународната кризна група (ICG), Косово ја добива битката за контрола на северот со мнозинско српско население, додека надежите за нормализација меѓу Приштина и Белград се гаснат, пренесуваат косовските медиуми.

Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла изјави дека околу 400 српски екстремисти се обучуваат околу границата со Косово.

Според него, потребна е само наредба од српскиот претседател Александар Вучиќ за да го започнат нападот.

Ова се дел од темите од денешниот редакциски избор на ЦИВИЛ медиа, од албанските медиуми во регионот.

КОСОВО

ВОА- ИЦГ: Иднината на српското малцинство во Косово е од витално значење за приближувањето меѓу Белград и Приштина

Меѓународната кризна група во вторникот рече дека Косово и Србија, како и надворешните поддржувачи, треба да работат на ублажување на краткорочните ризици од насилството на северот со мнозинство српско население, а потоа да бараат начини да обезбедат стабилност во областа.

Во извештајот на оваа организација, кој изготвува независни анализи и совети за спречување, решавање и управување со конфликти, се наведува дека „Косово ја добива битката за контрола на северот со мнозинско српско население, додека надежите за нормализација меѓу Приштина и Белград се гаснат“, пренесува ВОА.

ИНА: Се појавија детали за 400-те српски екстремисти кои се обучуваат во Србија, експерт  открива три главни точки каде може да се случат напади

Косовскиот министер за внатрешни работи Џелал Свечла изјави дека околу 400 српски екстремисти се обучуваат околу границата со Косово.

Според него, потребна е само наредба од српскиот претседател Александар Вучиќ за да го започнат нападот.

„Околу 400 српски екстремисти се обучуваат во областите околу границата со Косово и со наредба на Вучиќ можат да бидат активирани во агресивни напади“, рече Свечла, пренесува ИНА.

Клан Косова: Русија може да изврши сајбер напади врз електричната мрежа на Косово, вели пензиониран американски адмирал

Џејмс Ставридис, пензиониран адмирал на американската морнарица, во исто време и поранешен врховен командант на сојузничките сили на НАТО, предупреди дека Русија може да развие хибридна војна на Балканот.

Во мислењето објавено во „Блумберг“, Ставридис рече дека Кремљ може да изврши сајбер напади врз енергетската мрежа на Косово.

„Покрај силите за стабилизација, НАТО мора да биде свесен за руската употреба на таканаречената хибридна војна. Путин е добар во користењето на социјалните медиуми, кампањите за дезинформација и проруската пропаганда за да создаде тензии надвор од неговите граници. НАТО мора да ги користи своите информативни мрежи за да ги разоткрие и спротивстави овие лажни наративи.

Ако Русите решат да ја подигнат границата, би можеле да искористат сајбер напади против електричните мрежи и други витални цели во Косово и несрпските делови на Босна.“, посочува Ставридис меѓу другото, пренесува Клан Косова.

АЛБАНИЈА

Телеграфи: Политичкиот екстремизам во Албанија е позагрижувачки од верскиот

Во Тирана, Институтот за демократија и медијација (ИДМ) денеска објави студија, според која граѓаните повеќе се загрижени за политичкиот екстремизам отколку за верскиот екстремизам.

Студијата покажа дека верскиот екстремизам е грижа за над 30 отсто од граѓаните, додека политичкиот екстремизам е грижа за над 43 отсто од населението.

Над 76 отсто од испитаниците сметаат дека владејачките актери во Албанија ги злоупотребуваат државните институции и ресурси за тесни политички интереси, пренесува Телеграфи.

КОЛУМНА

Коха: Украина и Газа во потрага по принцип

„Косово треба да ја премести својата амбасада од Ерусалим во Тел-Авив. И како што со право го поддржува правото на Израел да се брани, треба да го поддржи правото на Палестинците на живот, минимум, а потоа и на слобода од окупација.“, пишува Авторот Ветон Сурои во колумната „Украина и Газа во потрага по принцип“, објавена во Коха.

Подготви: Д. Тахири / Цивил Медиа

 

Tags: Албански медиумиизборрегион
Next Post

Утре почнува претседателската кампања – Седум кандидати во трка за вила „Водно“

Shortcut

Најново

Посебен режим на сообраќај во Скопје поради посетата на Албин Курти

August 25, 2026

Филипче обвинува дека власта ја третира државата како плен, Мицкоски возвраќа дека тој е „кукла“ на криминалци

August 25, 2026

Филипче до Левица: Откажете се од „мајка Русија и татко Мицкоски“ и може да се обединиме

August 24, 2026

Јубилејна проекција на филмот „Џган“ на Вардан Тозија во летното кино на Синеплекс

August 24, 2026

Славјанка Петровска на Молитвен појадок во Кијив, врачен орденот „Принцеза Олга“

August 24, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Нешто не е в ред со Вучиќ

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ поставува остри прашања, ВМРО-ДПМНЕ обвинува: Политичката врева покажува неспремност за конкретни решенија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски отвори врата за предвремени избори, ДУИ експресно прифати: Нека се распушти Собранието!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ обвинува за малтретирање на дијаспората, ВЛЕН возвраќа дека ги чека политичка пензија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ширење на западнонилската треска во Скопје: Епидемиолошка криза, мерки и политички реакции

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk