Припадниците на МВР по десетдневна опсежна акција, детални проверки на сите траги и информации, го уапсиле С.Ј. (1974) и Д.Д. (1974), двајцата од Бор, поради сомнение дека го убиле двегодишното девојче Данка Илиќ, се вели во соопштението на српското МВР, пренесува српска Република.
Двајцата осомничени во целост го признале ова дело, а потрагата по телото е во тек. Полицијата и понатаму интензивно работи на овој случај за што навремено ќе ја информира јавноста, истакнуваат од српското МВР.
Данка Илиќ исчезна на 26 март околу 13 часот и 45 минути во Бањско поле кај Бор. Била со мајка ѝ и брат ѝ, оттогаш и се губи секаква трага. Поради нејзиното исчезнување, за прв пат во Србија е активиран системот „Најди ме“.
Во потрагата по Данк, српското Министерство за внатрешни работи организираше една од најобемните претреси, во која беше вклучен целиот регион.
Поврзано:
Крај на потрагата по малата Данка: Вучиќ објави дека две лица го признале убиството