ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ЕВРОПСКА УНИЈА

Белгискиот крал Филип: ЕУ ќе продолжи со целосен ангажман во процесот на проширување

April 10, 2024 15:24
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА
Share on FacebookShare on Twitter

Европската интеграција навистина е одлучно патување кое го спроведуваме етапа по етапа и пред нас сега претстојат преговорите со некои од нашите партнери од Источното партнерство и Западниот Балкан, порача денеска белгискиот крал Филип во обраќање пред Европскиот парламент во Брисел.

– Во претстојните месеци треба да спроведеме суштинска анализа за иднината на нашата Унија, а пред нас исто така се и бројни предизвици поврзани со прашањето на проширувањето и ќе продолжиме со нашиот целосен ангажман во работата на тоа подрачје, изјави кралот Филип.

Тој нагласи дека во такви услови ЕУ мора да има долгорочна визија и да ја земе судбината во свои раце.

– Проширувањето на ЕУ подразбира и нејзино зајакнување. Дваесет и седумте земји членки ќе мора да дејствуваат порешително, посебно ако добиеме нови земји членки, истакна белгискиот крал.

Според него, богатото наследство на предците на денешните Европејци, придонесе за изградбата на сегашниот идентитет на жителите на ЕУ.

– Тие разлики и спој на култури нè збогатуваат на значителен начин и ја поврзуваат нашата судбина со судбините на другите, со што не поттикнуваат на другите и на следните генерации да им оставиме стабилен и просперитетен свет, нагласи белгискиот крал.

Тој нагласи дека во овој период на војни и нестабилност во кој Белгија претседава со Советот на ЕУ, на светот повеќе од кога било му е неопходна надеж.

– Надежта се разликува од соништата затоа што се потпира на факти. Надежта е уверување дека подобрата и поубава иднина е на дофат на раката и дека можеме да ја достигнеме. Често се говори за несогласувања во рамките на Унијата, меѓутоа нашата поддршка на Украина покажа дека сме во состојба да носиме важни и единствени одлуки. Војната во Украина е и наша битка, битка за обрана на нашата безбедност и нашите вредности, заклучи кралот Филип.

Според него, ЕУ мора да се посвети на одбрана своите вредности, на демократијата и на слободата.

– Ме загрижува намалувањето на довербата во нашите институции и растот на автократијата во светот. Затоа сметам дека нашите институции треба да се подобрат со зголемување на довербата во нивното функционирање. Усвоените политики мора да одговораат на основните стравувања на нашите граѓани и да им понудат конкретни резултати. Затоа мора посилно да ги вклучиме граѓаните во самите демократски процеси, додаде белгискиот крал.

Тој нагласи дека демократијата не е само гаранција на слободите и правата, туку и на хуманите вредности.

– Човекот мора да е клучот на се и не може да биде во сопственост на една држава или да се користи за создавање на еден лидер на верска или етничка група. Европа е татковина на хуманоста и затоа мора да биде двигател на геополитиката на човечноста, потенцира кралот Филип во обраќањето пред Европарламентот.

Next Post

Ѓоковиќ за мечот со Музети: Не се плашам од никого и од ништо

EVN

НАЈНОВО

Како украдени накити од Лувр, симболично се појавија на Париската модна недела

January 26, 2026
Скриншот

Потресни искази на преживеаните во „Пулс“, адвокатите на обвинетите бараа исклучување на јавноста

January 26, 2026

Филипче: Нов удар врз превозниците и економијата, цехот ќе го платат граѓаните

January 26, 2026

НАЈЧИТАНО

  • kristen stewart

    Кристен Стјуарт најави заминување од САД поради политиките на Трамп

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дневен хороскоп со Анаис – 26 јануари 2026

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • МВР објави кои сообраќајни прекршоци ќе се санкционираат со „Безбеден град“ и колкави се глобите

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Обама по убиството во Минесота од агентите на ICE: Ова мора да престане

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Малите трговци предупредуваат: Новиот закон за пушење може да затвори над 4.000 мали бизниси

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk