ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Повикот за 61 пратеник на ВМРО-ДПМНЕ – Причина за кавга меѓу претседателските кандидати Давкова и Османи

April 15, 2024 12:11
in PMD, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Претседателските кандидати Бујар Османи и Гордана Силјановска Давкова деновиве се расправаа околу повикот на ВМРО-ДПМНЕ до граѓаните, да им дадат 61 пратеник. Овој повик кандидатот на Европскиот фронт го нарече најнационалистички.

Се започна кога Османи ја потсети Давкова и ВРМО-ДПМНЕ за членот 137 од Кривичниот законик за поттикнување омраза со тоа што под слоганот 61 пратеник се подразбира  исклучување на сите други немакедонски заедници.

На ова преку социјалната мрежа Твитер возврати Давкова која „интергративците“ ги нарече криминалци.

Бујар Османи (@Bujar_O) 61 пратеник не ги исклучува заедниците, бидејќи сите системски закони се носат по Бадентер, туку ги исклучува криминалците од ДУИ @BDI_DUI, … pic.twitter.com/snVmhm6p5u

— Гордана Силјановска Давкова (@gogamkd) April 13, 2024

„61 пратеник не ги исклучува заедниците, бидејќи сите системски закони се носат по Бадентер, туку ги исклучува криминалците од ДУИ, кои се спремни да продадат се, за да си ја зачуваат фотелјата и да продолжат да уценуваат, мислејќи дека така ќе се спасат од одговорност за криминалот и штетата што и ја нанесоа на државата, напиша Силјановска.

Османи: Барањето на ВМРО-ДПМНЕ е најнационалистичкиот и најшовинистичкиот можен етноцентричен и исклучувачки повик

Османи истакна дека во текот на изминатите денови како кандидат на Европскиот фронт кажал дека повикот на македонската опозиција, особено на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска за 61 пратеник е најнационалистичкиот и најшовинистичкиот можен етноцентричен и исклучувачки повик кој бара супремација на една заедница над другите заедници.

„Со тоа се исклучува  албанската, турската, босанската, ромската, влашката заедница и др. Па дури и некаде кажав дека со ова треба да се занимава обвинителот, дека врз основа на член 137 од Кривичниот законик, секој повик на омраза и исклучување на заедниците е казнив со закон“, кажа Османи.

Тој рече дека на овие избори имаме битка помеѓу две понуди, алтернативни визии. Помеѓу европската интеграција и изолацијата.

„Бидејќи таа одговори на мојот повик и бидејќи на овие избори немаме натпревар меѓу политичките партии, туку битка помеѓу две понуди, алтернативни визии. Помеѓу европската интеграција и изолацијата. Помеѓу соживот и супремацијата под слоганот 61 пратеник. Помеѓу европските пасоши наспроти бугарските пасоши. Бидејќи има два концепта кои им се нудат на граѓаните, ја канам госпоѓа Давкова на дебата со мене или да додјде на мојот подкаст и да ги аргументираме нашите позиции за овие два алтернативни концепти“, кажа Османи.

Инаку, претседателските кандидати  со презентација на програмите на средби со граѓаните денеска ја продолжуват изборната кампања за првиот круг од изборите на 24 април.

Назми Абдурахмани / Цивил Медиа

Tags: Бујар ОсманиГордана Силјановска Давковаизборикампања
Next Post
Фотомонтажа: Д. Мишев / ЦивилМедиа

Јубилеј: Двегодишнина од специјалната операција „Ctrl+Z“ и трансформацијата на крстосувачот Москва во подморница

НАЈНОВО

Фото: Генерирано со ВИ

Дилемата на ЕУ: Комисијата нуди „морков“, членките бараат „навистина подготвени“ кандидати

November 4, 2025
Фото: Скриншот

Премиерот Мицкоски на Самит за проширувањето на ЕУ во Брисел

November 4, 2025

ЕК ќе ги презентира извештаите за напредокот на кандидатите за членство во ЕУ   

November 4, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Кој лик од филм го претставува твојот хороскопски знак

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Избирачко место во Раовиќ без ниту еден глас – 214 запишани, нула излезност

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДУИ падна, ВЛЕН се издигнува – започнува нова ера во албанскиот политички блок

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Небиу: Старите формули на ДУИ не поминаа кај Албанците

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Орки против голема бела ајкула: борба меѓу врвни предатори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk