ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ХРОНИКА

Гори букова шума над Горно Јаболчиште во oпштина Чашка

April 16, 2024 10:05
in ДЕНЕС, ХРОНИКА
Share on FacebookShare on Twitter

 Пожар избувнал синоќа во 23 часот на отворен простор кај селото Горно Јаболчиште во општина Чашка, гори букова шума, информираат утрово од Центарот за управување со кризи (ЦУК). Оттаму веднаш пратиле известување до ЈП „Национални шуми“ подружница „Бабуна“ од Велес, од каде што добиле одговор дека ќе упатат вработени кон пожарот за да го гаснат.

Според податоците на ЦУК, имало вкупно 22 евидентирани пожари на отворен простор во изминатото деноноќие. Од нив, утрово осум сѐ уште се активни.

Пожарот над село Селце, што гори од 11 април, сѐ уште е активен и покрај тоа што на терен гаснеле два хеликоптера од МВР и ренџерите од Национален парк „Шар Планина“ со 10 лица, а и четири пожарникари од ТППЕ – Тетово.

– Директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов вчера беше и на терен. Нема опасност за соседното селото Лавце. Пожарот е далеку и од други објекти или населени места. Хеликоптерите престанаа со гасење по 16 часот, а и повеќето од луѓето беа повлечени. На терен останаа дежурни неколку ренџери од Национален парк „Шар Планина“, кои дежураат за секој случај. Повторно екипите интервенираат од утрово. Активни пожари има во село Гургурница, општина Брвеница, помеѓу селата Сретково и Церово, кај одморалиштето „Бунец“, општина Маврово – Ростуше, а и кај селото Горјане, општина Врапчиште, информираат од ЦУК.

Според Регионалниот ЦУК – Скопје, вчера во 11.12 часот имало пријава за пожар во месноста „Темна Бука“, кон Китка, Кадина река 2 во општина Студеничани, се додава во соопштението, каде што гори многу високостеблена борова шума.

– Екипите  од ЈП Национални шуми подружница – „Караџица“, вчера известиле дека се на терен и дека интервенираат, а во 07.45 часот добиле пријава за пожар во село Црвена Вода, општина Студеничани, каде што вработени од подружницата „Караџица“ не интервенирале, заради тоа што за истиот оцениле дека „се задишувал“ и не постоела опасност од него, појаснуваат од ЦУК.

Регионалниот ЦУК Битола пак, информира дека активен е пожарот над селото Острец, на Баба Планина, што започнал во седум часот на 14 април.

– Пожарот е на непристапен терен и не било во можност да интервенираат. Гори сува трева, лисја и гранки и нема опасност по населени места и Националниот парк „Пелистер“, пишува во соопштението.

Во ЦУК имало вкупно 1.998 повици на единствениот повикувачки број за итни случаи – 112 во последното деноноќие.

– Кон полиција биле упатени 61,22 отсто, кон Итната медицинска помош 29,17 проценти, кон пожарникарите 8,33 отсто, а кон АМСМ  0,32 проценти од реалните повици кон 112 во ЦУК, се додава во соопштението.

Tags: пожарЦУК
Next Post

ЈСП Скопје од четврток ги вклучува и линиите „100“ и „200“ за полесен пристап на Меѓународниот саем на книгата

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • СДСМ: Мицкоски веќе создава „ЗНАМ 2.0“ додека актуелната партија прави политички театар со каравани

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • КАКО ДА СЕ ПРЕЖИВЕЕ ПЕКОЛОТ: Практичен водич за заштита од екстремните топлотни бранови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk