ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ФРОНТ

Општествена колоноскопија

Од промоцијата на книгата ВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈ од Бранко Тричковски

April 16, 2024 14:42
in ZOOM IN, ДЕНЕС, КУЛТУРА, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Share on FacebookShare on Twitter

ЕМИЛИЈА ЦЕЛАКОСКА

Тричковски објавил дека сум промотор, што ми е мило, бидејќи тој е моторот!

На делата на Бранко Тричковски не се прави дисекција, како што не можете со набројување на компонентите на жив створ да допрете до неговата суштественост, или да кажете зошто е жив. И претходните, и ова дело се живи, тие се за нашиот живот овде.

Односно, неговите текстови не се само огледало на нашето колективно лице, огледало кое ни го рефлектира одразот на доброто, лошото, и грдото за тоа кои сме ние како нација. Тие текстови, не се само повик за будење или поттик да ги разбереме тешките  ограничувања кои нѐ уназадуваат како колективен организам.

Туку, живоста се очитува во намерата на Тричковски да ја дијагностицира општествената болест и да предложи третман и лекување. Всушност, моето искуство со неговото пишување е такво, уште од одамна како помлад негов редовен читател.

Тоа што Тричковски го прави е единствено овде. И, можеби, со докторската метафора најдобро би се опишало како – ОПШТЕСТВЕНА КОЛОНОСКОПИЈА: – Непријатно за оние кои не ја признаваат болеста или областа на дијагностиката. Но, без оглед – читателот не го консумира лекот, туку колективното лечење настапува затоа што и читателот полека станува лечител. Авторот го знае ова, не еднаш има речено „во клиниката на Тричковски” – тоа е заедно со нас, што го читаме.

Некои се мрштат, некои, викторијански засрамени – се засркнуваат, а на некои дури и им се превртуваат цревата од неговите лекарства, од разголувањето на штетните претпоставки, од покажувањето со прст на мрзливоста на умот и простачката наметливост што си се маскира како традиција.

Но тоа мрштење, засркнување и превртување црева, дефинитивно значи дека авторот го носи читателот во зоната на мислење со главата. Тричковски не ги остава апсурдите да трујат, туку како најдобриот, всушност и единствениот општествен гастроентеролог, ни ги открива тие апсурди со најточната и воедно најсодржајната терминологија. Не е латински, но гадливоста не е препорака за оздравување.

Всушност, тој негов речник, често со црн и тоалетен хумор, е скалпел. И во моментот кога ќе ја сфатите неговата функција ВО ФУНКЦИЈА НА ЖИВОТОТ, тогаш сигурно сте уште една здрава клетка која работи во име на животот на овој колективен организам – нашето малечко место кајшто живееме.

Така, за оваа книга, ме изненади прво – насловот. Не бев сигурна дали е иронија ова „мит”, па уште и „концепт” за ВМРО. Но, многу пати ќе ги сретнете во текстот неколку пати и заедно. Но, да, во право е. Како и секој доктор што не потценува вирус или канцер. Во најновото интервју ни расчисти дека поимот мит-концепт е вектор со почеток и крај. Во таа насока, од митот кон концептот тој покажува кон деградација. Во спротивната насока – означува прогрес.

Но зошто „крај”? Во книгата има и „крај на приказната”, „крај на музиката”, „крај на каузата”, “крај на македонскиот државен проект”, „болен крај”…

Сепак мислам дека ова е инаква смисла на “крај”, а не – ПОДЕБЕЛИОТ. Навистина, морам да признаам дека инверзната хронологија ми предизвикува малку чувство на гностичка злокобност, но изгледа дека и тоа е во улога на витализација на идејата за нов почеток на нешто подобро. Односно – со смислата на Новата Македонија во текстот, на пример од 14 февруари 2021.

Оваа книга е – да се крене чашка за неа, не мора со нешто жестоко, бидејќи жестокото е во неа. Нека заискрат интересни разговори за нејзината содржина, нека предизвикува нови мисли, и можеби дури и ќе инспирира некои луѓе, да речеме, … , да целат малку подобро.

Најпосле, чиста нација се прави токму во таа смисла и само таквата чистота носи продуктивност. А за продуктивноста -Да ве фати мајата.

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: Бранко ТричковскиВМРО МИТ КОНЦЕПТ КРАЈЕмилија Целакоска

НАЈНОВО

Во македонскиот КИЦ во Тирана изложба на дела на жени уметници од повеќе земји

May 19, 2025

Уставен суд: Поништувањето на изборот на судијката Дуковска е правен преседан, подготвителната седница за Законот за јазиците одложена

May 19, 2025

Британскиот премиер Стармер ја нарече ситуацијата во Газа „неподнослива“

May 19, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Мицкоски „пука“ против Таравари, Фетаи и Сулејмани ѝ вртат грб на Алијанса за Албанците, ДУИ гледа сеир!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Скриен извор на чиста енергија би можел да ја напојува Земјата 170.000 години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Линии со код, реки од крв

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Научив дека смолата може да ја исуши црешата ко вмро Македонија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Веќе видено: Македонија повторно велика, ко Александар!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk