„Македонските олигарси имаат блиски врски со Русија, со оглед на нивното значајно влијание во политиката и сопственоста на најголемиот дел од мејнстрим медиумите во земјата. Руските кампањи за дезианформација имаат несмален и непречен пристап до македонскиот јавен дискурс и имаат способност да го обликуваат јавното мислење, според интересите на Кремљ се разбира“ рече Џабир Дерала од ЦИВИЛ на конференцијата „#МКвоЕУ: Предизвици и перспективи“.
Тој додаде дека против земјава исто така се води и сајбер и информациска војна, од моментот на почетокот на граѓанското движење за демократизација, почнувајќи од 2013 година.
Дерала рече дека мора да се случи демаскирање на влијанието на Русија во земјава и дека треба подиректно да се отворат картите за тоа како Русија влијае во граѓанскиот сектор во земјата.
„Проруските граѓански организации често се вклучуваат во активности кои ги поткупуваат западно ориентираните политики и ги засилуваат алтернативните гледишта за прашања како што се членството во НАТО и интеграцијата во ЕУ. Бидејќи овие граѓански организации се често корисници на западните грантови, нивните активности се, би рекле, индиректно насочени кон критикување на владините политики или прикривање на нивните националистички ставови и ставови со балансирано известување за антируски наративи, па се до она што го видовме неодамна и каде што имаше неколку значајни анализи направено во земјава – негирање на рускиот упад во земјата“ рече Дерала.