ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home КУЛТУРА

Тони Димков за Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028: Да се анимираат граѓаните за свој волонтерски придонес!

April 21, 2024 16:33
in ZOOM IN, АКЦЕНТИ, ДЕНЕС, КУЛТУРА
Тони Димков

Тони Димков

Share on FacebookShare on Twitter

Ќе успееме ли за помалку од четири години да направиме Скопје да блесне во сиот свој сјај и да го претставиме во најдобриот културен центар досега, како би можеле пред светот да се гордееме со титулата „Европска престолнина на културата“ во 2028?

Тони Димков, уредник на „Културен печат“, за Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028, во изјава за Фронтлајн вели: Да се анимираат граѓаните за свој волонтерски придонес!

„Титулата ‘Европска престолнина на културата’ е чест, но и огромен предизвик за Скопје. До 2028 година има помалку од четири години, а како одминува времето дилемите дали Скопје ќе успее да одговори на предизвикот стануваат подраматични. Голем успех направи тимот што се избори апликацијата на Скопје да биде прифатена, но на хартија најчесто функционираме супер, а на терен сме катастрофа. Тоа може да го покаже едноставна прошетка низ центарот на градот. На секој агол никнуваат новоградби за домување и трговски центри, а најголем процент на инфраструктурата на културните установи е од времето на социјализмот. Нови се само објектите на Македонската филхармонија, Археолошкиот музеј, Музејот на македонската борба и Македонскиот народен театар. Отворено е прашањето дали реконструкцијата на Универзална сала ќе биде направена во дадениот рок и дали до 2028 година ќе биде ставена во функција. Програмата на ‘ЕПК Скопје 2028’ ќе трае во текот на целата година со стотици настани и сите можни културни објекти треба да бидат ставени во функција. Друг проблем е што со години наназад во Скопје нема отворена летна сцена за барем илјада посетители. Во летниот период се поставуваат импровизирани сцени во Градскиот парк или на други локации, но тој начин на функционирање е многу скап, а буџетот на манифестацијата е ограничен. Искуствата од други градови што биле ‘Европска престолнина на културата’ говорат дека во финансиската конструкција на програмата мора да се вклучат сите нивоа на власт – државна, градска, локална и да работат во синергија. Треба да се анимираат граѓаните за свој волонтерски придонес во реализацијата на манифестацијата. Треба да се среди сообраќајниот хаос, да се овозможи подобар јавен превоз, да се обележат пешачките и велосипедските патеки, да има патокази кон спомениците на културното наследство, музеите и објектите во кои ќе се изведуваат програмите, да се исчистат улиците и парковите од ѓубре, да се измијат засмрдените контејнери и да се постават нови корпи за ѓубре, да се подобри културата на однесување на самите граѓани… Во спротивно, неминовно е дека ќе се посрамотиме како домаќини во Европската престолнина на културата.“, истакнува Димков.

Текстот е дел од 13 изјави на уметници и културни работници собрани во „ризницата“ на темата со наслов: За Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028 – Од улична некултура, до културна метропола.

Т. Иванова

Поврзано: 

За Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028 – Од улична некултура, до културна метропола

Tags: Скопје „Европска престолнина на културата“ 2028Тони Димков
Next Post

Јунајтед испушти 3:0 против Ковентри, се спаси со ВАР, па на пенали избори финале во ФА Купот

Најново

МВР предупредува: Лажни СМС пораки за сообраќајни казни

May 4, 2026

Звукот на привикнувањето

May 4, 2026

Мицкоски ги повика граѓаните да летуваат дома поради гужвите кон ЕУ

May 4, 2026

Јубилеен 25. ОФФест: Богат музички свет со фокус на Африка во првата недела од јуни

May 4, 2026

Груевски напаѓа од Будимпешта, Филков чека документи а СДСМ обвинува за саботажа

May 4, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Ангеловска: Во функција е страната „Купувам Домашно“ каде граѓаните можат да проверат дали им следува помош

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски порача: Прво ја враќаме оградата на Владата, па го враќаме Грујо

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Фуркан Салиу: Ако утре нешто ми се случи одговорите да ги барате кај министерот Тошковски, Латас и Љупчо Москов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Рама: Туристите од Албанија, Косово и Македонија што зборуваат албански се претставуваат како најголеми патриоти, а се најголеми загадувачи на албанските плажи

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Имате ли претстава што нè чека после изборите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk