Претседателот Стево Пендаровски на дебатата на МТВ, запрашан дали барањето за внесување на Бугарите во Уставот е европска вредност или уцена, возврати со контрапрашање дали тоа што по Рамковниот договор ги имаме Албанците, Турците и останатите во Уставот е европска вредност или уцена.
„Реалноста на Македонија е таа, мултиетничка. Бараме специфични модели за да коегзистираме за доброто на државата“ рече Пендаровски.
Тој додаде дека бугарската идеја е јасна, целосно да се преземе бугарската наратива, нешто што ние го одбивме.
„Останува уште овие три и пол илјади Бугари да ги ставиме во Уставот, заедно со уште пет други делови на народи. Тоа не е ништо чудно“ рече Пендаровски.
Седумтемина кандидати претенденти за прертседател на државата во предизборната дебата на Македонската телевизија изразија различни ставови во однос на евроинтегративниот пат на државава, и како до се изоди тој пат. За едни нема друга алтернатива освен ЕУ, особено во новиот геополитички контекст, за други на Европската Унија не ѝ сме битни.