Самет Шабани од Хоризон Цивитас, во објава на Фејсбук, реагира на изјавата од кандидатката за претседател Гордана Силјановска Давкова.
„Почитувана г-ѓа Проф.д-р Гордана Силјановска Давкова,
Во вашето вчерашно излагање рековте: „Кога велам ‘граѓани’, јас не ги делам на Македонци, на Турци, на Роми, на Власи, на Бошњаци, на Срби…“
Јасно е дека Албанците не ги сметате за граѓани. Во вакви околности каде што вие јавно и гласно ги негирате Албанците, сакам и јас јавно да ви се обратам за некои работи:
Сите што дури малку ме познаваат, знаат дека не сум албански националиста. Патем, роден сум од мешан брак. Пораснат сум во духот на почитување на различни етнички и верски припадности. Во последните 10 години посветено работев и постојано работам во многу проекти (во граѓански сектор) за подигнување на меѓуверската и меѓуетничката кохезија и дијалог во државата.
Вашето негирање на дел од мојот идентитет (албански) е во најмала рака обид за понижување, а во голема мера покажува какви денови не очекувааат како општество ако вие станете претстедател.
Не планирав да изелзам да гласам во пристојните избори на 8-ми Мај. Околу парламентарните избори, моето убедување е дека ниту една од актуелните политички опции нема доволен интерес да го сузбиваат ракот во ова држава: криминалот и корупцијата! А за претседателски избори пак, немав некој посебен мотив за гласање во втор круг, мислејќи дека и двете кандидати сте интелектуални личности со доволна зрелост да предводат мултиетничка држава. Но ете, вчера ме уверивте дека сепак важно е да се излезе на втор круг за да продолжи позитивната атмосфера во општеството што во последните пет години се вгради и се промовираше во претседателско ниво.
Јас ја сакам Македонија, но не во вашиот начин! Сметам дека вашиот начин на сакање на ова земја треба да е дел на историјата. Знам дека и добар број на вашите гласачи се согласуваат дека ни треба иднина без тензии. За да придонесам кон тоа, јавно споделувам дека ќе излезам на втор круг на избори, за да гласам за вашиот противкандидат г-динот Стево Пендаровски“, истакнува Шабани.