ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Ковачевски – Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата; Мицкоски – Подавам рака и барам да се приклучат сите

April 25, 2024 21:55
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кампањата за парламентарните избори продолжува. Ковачевски порача дека Изборите на 8 мај ќе бидат тешки и нагласи дека СДСМ нема да се откаже од европската иднина на државата. Мицкоски истакна дека подава рака и бара да се приклучат сите.

Изборите на 8 мај ќе бидат многу тешки, но резултатот сè уште не е одлучен. СДСМ никогаш нема да се откаже од европската иднина на државата, затоа што само така ќе успееме да изградиме подобар животен стандард, порача лидерот на СДСМ Димитар Ковачевски попладнево во Сарај во рамки на митингот на Коалицијата за европска иднина.

– Ја прифаќаме силната порака која на вчерашниот изборен ден ни ја испратија граѓаните. Знаеме дека изборите на 8-ми мај ќе бидат многу тешки, но резултатот сè уште не е одлучен. Одлуката е во рацете на граѓаните, но сите треба добро да размислат како ќе влијае на нашата иднина ако десничарска партија добие преголема моќ или ако се вратиме во грдите времиња на меѓуетнички тензии, истакна Ковачевски.

Потенцираше дека СДСМ никогаш нема да се откаже од европската иднина на државата, затоа што, како што вели, само така ќе успеаме да изградаме поквалитетно образование и здравство, поефикасна борба против криминалот и корупцијата и подобар животен стандард за сите граѓани.

Во рамки на Европскиот караван на СДСМ и Коалицијата за европска иднина, по Сарај, најавено е Ковачевски, носителите, коносителите и останатите кандидати за пратеници да го посетат и Чучер Сандево.

Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ и носител на листата во Изборната единица 1 Христијан Мицкоски вечерва од Струга повика на сеопшто државно обединување на народот и сите сегменти на општеството против актуелната Влада и масовно да застанат зад коалицијата предводена од неговата партија и кандидатката за претседател Гордана Силјаноска Давкова.

– Ги повикувам сите и стари и млади, Албанци, Турци, Срби, Бошњаци, Роми, Власи, сите граѓани во Македонија да се приклучат. Ова не е само моја или само наша битка овде, туку битка на народот против оваа власт. Подавам рака и барам да се приклучат сите: земјоделците, вработените, невработените, лекарите, млади, стари, стопански комори.., против заедничкото зло и изворот на сите страдања, а тоа е оваа Влада на СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски.

На народот му порача да не дозволи да биде уценуван, од како што посочи, оние што треба да ги сменат.

– Знам дека ќе се обидат овие денови да уценуваат, посебно овие од ДУИ за да излезат на претседателските избори во вториот круг. Тоа не е воопшто државотворен чекор. Тоа воопшто не е чекор на политички партии кои се претставуваат изминатите шест и пол години не само дома, туку и во меѓународната заедница како државотворни партии. Тие се обични кукавици кои сакаат да уценуваат и се силни само кога пред себе имаат слаб противник, рече Мицкоски.

Според него, народот е посилен од секое сценарио на владата на СДСМ и ДУИ, и им се заблагодари на граѓаните за поддршката и победата.

– Народот покажа дека е посилен од секое сценарио, од секоја шема направена од истите политичари кои со години крадат и се богатат на грбот на сиромашниот и напатен народ. Им доаѓа крајот, цунамито се крена, а потресот го направивте вие народот на Македонија и ви благодарам за тоа, истакна Мицкоски.

Tags: КовачевскиМицкоски
Next Post

Битиќи од Чучер Сандево: На 8 мај гласовите се бројат од нула - сите прогресивни сили ќе гласаат ПРОТИВ ксенофобијата на ВМРО-ДПМНЕ

Shortcut

Најново

Жерновски: Муцунски е фатен во лага, власта се заканува кога нема резултати

August 14, 2026
Tap water, photos by Vecteezy

Гостивар: Водата се прочистува, но довербата останува загадена

August 14, 2026

Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

August 14, 2026
Фото: МИА

Гаши: Охридскиот рамковен договор останува столб на мирот, еднаквоста и соживотот

August 13, 2026

Андовски вели нема место за паника по прогласувањето на епидемија од западнонилска треска во неколку скопски општини

August 13, 2026

НАЈЧИТАНО

  • ЗНМ бара итна истрага од МВР: Смртни закани и повици за насилство кон новинарот Ерол Ризаов

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Пацови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Што ѝ порача отец Бережној од Православната црква на Украина на Македонската православна црква?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битка за минатото и слепило за иднината

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче за Францускиот предлог и Мицкоски: Кој оди на екскурзија во лето, во Брисел?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk