„Во нашите гори и планини, нашите предци се бореле за ние денес да имаме слобода и држава. Во нивно име во име на нашите деца и идните поколенија, даваме завет дека ние ќе се бориме во најважната битка денес, да создадеме европска држава“ рече Митко Трајчулески, организациониот секретар на СДСМ на митнигот во Крушево.
Тој додаде дека СДСМ ја гради Македонија како држава на еднаквоста, солидарноста, правдата и правичноста и како джрава со европски стандард и задоволни и среќни граѓани.
„Токму нашето Крушево е вистинки пример за тоа како се гради општина. Со нова инфраструктура, со инвестиции, со проекти за сите. Успеавме да го поставиме Крушево на светската мапа“ рече Трајчулески.
Тој додаде дека токму незавршените работи и обврската за да се понуди повеќе и подобро е тоа што не води напред, што ни дава енергија и мотив.