ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

ИЗБОРНА ХРОНИКА: ЦИВИЛ бара заштита на децата од политичка злоупотреба; „Бугарски воз“ во Липково кај управен суд; ветинг, амнестии и проблематичен цензус

May 2, 2024 19:03
in PMD, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, ПОЛИТИКА
Share on FacebookShare on Twitter

Кампањите за претседателските и парламентарни избори неделава се најдоа во работна недела со два неработни дена, но, со уште по зајакнат интензитет, остри реторики, препукувања, националистички наративи и „трки“ за простор и време.

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ нотира и злоупотреба на деца и малолетници во изборната кампања, за што ЦИВИЛ излезе со соопштение во кое се бара итно да се престане со користењето на децата за политички цели.

ЦИВИЛ бара заштита на децата од пропагандата: Политичката злоупотреба мора да престане веднаш!

Мониторинг тимот на ЦИВИЛ констатира голем број случаи на злоупотреба на деца и малолетници, како во изборен контекст, така и за ширење етничка и верска омраза, но и за ширење на руска злонамерна пропаганда.

Политичката злоупотреба на децата е забранета со закон!

Во член 12, став 4 од Законот за заштита на децата се вели:

„Се забранува злоупотреба на децата поради политичко или верско организирање и дејствување“.

ЦИВИЛ бара од политичките партии, родителите, медиумите и институциите да ги ослободат децата и малолетниците од своите политички амбиции – со тоа го кршат законот и сите етички норми.

ПРЕТСЕДАТЕЛСКИ ИЗБОРИ

Управен суд  ја прифати жалбата на коалицијата ВЛЕН за „бугарскиот воз” во Липково

„Управниот суд ја прифати жалбата на Коалицијата ВЛЕН за гласачко место во Липково, каде што имало полнење на кутија од страна на блиски луѓе на носителот на листа на ДУИ во оваа зона,  со техника позната како „бугарски воз”. Во судската одлука стои дека тужбата на кандидатот на претседателските избори во 2024 година, Арбен Таравари, е прифатена”, изјави денеска на прес конференција Валбон Лимани од коалицијата ВЛЕН.“

Пендаровски: На 8 мај мора да направиме мобилизација, за да спречиме враќање на режимот

„Сега ќе мораме да направиме мобилизација, максимална за да спречиме враќање на режимот, бидејќи по сите специфики: политички, логистички и други разузнавачки, било какви, тие ќе бидат режим број два“, порача вчера вечер од Штип, кандидатот на СДСМ за претседател, Стево Пендаровски.

Силјановска Давкова „за“, Пендаровски „против“ амнестија за „крвавиот четврток“

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател Гордана Силјановска Давкова најавува дека како иден шеф на државата ќе го искористи механизмот на помилување на осудените за настаните во Собранието на 27 април 2017 година. Нејзиниот противкандидат од СДСМ и актуелен претседател Стево Пендаровски, пак, е против и смета дека амнестија за такво дело не треба да има.

ПАРЛАМЕНТАРНИ ИЗБОРИ

Ковачевски: Со враќање на ВМРО-ДПМНЕ дозволуваме сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии

Враќање на ВМРО ДПМНЕ на власт значи режим во најава, сигурна блокада на Македонија и внатрешни етнички тензии. Ако го дозволиме тоа, ќе ѝ се нанесе огромна штета на државата“, порача претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски, од вчерашниот Првомајскиот пикник што се одржа во Градскиот парк во Скопје.

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Истите тие коишто дозволија да се отвараат бугарски клубови кои го содржат името Ванчо Михајлов во текот на нивниот мандат и ја згазија не само социјалдемократијата, туку и илинденските и асномските левичарски вредности и принципи, не обвинија дека сме човек партија.

Нивната ароганција е ненадминлива. Ова раководство на СДСМ, со овој арогантен пристап ја доведе партијата до историски најслабиот резултат, изјави Претседателот на движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски.

Ветинг на политички функционери и во судството ќе биде услов за новата влада, порачаа од ДУИ и Европскиот фронт

Претставничката на Европски фронт, Арта Билали Зендели, вчера на прес конференција најави дека  дека и ветингот на носители на политички функции и носители на големи одговорности во сферата на судството и борбата против криминалот и корупцијата,  ќе биде услов за новата Влада.

Протестен марш на „Ромите за демократија“: Бараме заштита и безбедност на претстојните избори

„Нема правда нема мир“, „Стоп за насилството“, „Бараме заштита“… извикуваа претставниците од Фондацијата „Ромите за демократија“ на маршот кој почна пред Државната изборна комисија (ДИК), а заврши пред Министерството за внатрешни работи (МВР) во Скопје, при што побараа поголема заштита и зајакнување на полициската присутност за време на претседателските и парламентарните избори на 8 мај, посочувајќи дека нивните набљудувачи во Струмица се соочиле со одредени закани и обиди за физичко насилство, за време на првиот круг од претседателските избори што се одржаа на 24 април.

ИЗБОРЕН РОКОВНИК

За се што треба да знаат граѓаните околу двојните избори во Република Северна Македонија, мониторинг тимот на ЦИВИЛ подготви опширен ИЗБОРЕН РОКОВНИК кој можете да го прочитате и да добиете дополнителни информации, на следниот ЛИНК.

ПОЛИТИЧКИ ОКЕЈ КОРАЛ

Опасни наративи во пресрет на 8 мај: Војната од 2001 повторно ги заострува меѓуетничките односи

Цензусот виси на конец – Гласовите на Османи и Таравари можно е да се пресудни

ВЛЕН и Европски Фронт во битка за ист простор и датум за завршните митинзи – објавени документите кој прв добил дозвола

#ТиОдлучуваш #Гласај

Јовановски: Гласањето е една од формите да се биде одговорен граѓанин

Тодоровска: Ги повикувам полнолетните девојки и жени да го искористат демократското право на глас

Сите важни информации за изборите можете да ги прочитате на веб страницата ГЛАСАЈ.

На оваа веб страница се објавуваат релевантни вести и информации за изборите, линкови до официјални извори, како и текстови и видео содржини за граѓанска едукација за правото на глас и важноста на граѓанското учество во изборните процеси.

Подготви: Дијана Тахири во соработка со ЦМТ

Преземено: Цивил Медиа

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

НАЈНОВО

Орашко Кале – милениумско богатство кое тивко исчезнува

May 12, 2025

Крушево домаќин на првото државно првенство во планински велосипедизам

May 12, 2025

Алијанса на Албанците на Таравари официјално излегува од Владата

May 12, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Таравари ја напушта владата за да не е „кукла“, ВЛЕН остануваат да го легитимираат владеењето на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Кристина Костова: Правата на маргинализираните не смеат да бидат жртвувани на олтарот на статус квото

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Ако не сакаш да бидеш Европеец ќе бидеш ништо и затоа е добро да не сакаш!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ФОТО) Скопјанката Чарна Невзати македонска претставничка на престижниот „Мис на свет”

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • НАСА: Мисија на Марс в година

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk