ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Адеми ги повика граѓаните да гласат на 8 мај според нивната индивидуална волја

May 6, 2024 19:35
in ИЗБОРИ, ОПШТЕСТВО, ПОЛИТИКА

Арбер Адеми, потпретседател на ДУИ која e дел од коалицијата „Европски фронт“ на денешната прес-конференција ги повика граѓаните на 8 мај да гласаат според нивната индивидуална волја.

– Што се однесува до претседателските избори, граѓаните треба да одлучат како ќе се однесуваат во вториот круг од претседателските избори. Тие се слободни да гласаат врз основа на нивната слободна волја. Тие ќе треба да одлучат како да се однесуваат. Во среда ве покануваме да бидете дел од народниот референдум, повеќе од кога било да ја поддржите платформата на „Европскиот фронт“. Никој не може да го прекине европскиот пат на нашата држава. Во среда масовно да излеземе и да гласаме, рече Адеми.

Адеми рече дека немале официјална средба со претставници на ниту едната од двете македонски партии за да ги поддржаат нивните претседателски кандидати.

– Немаше официјална средба. Меѓутоа, жални и разочарувачки се изјавите на еден од кандидатите, односно на г-ѓа Гордана Силјановска Давкова, која со својот дискурс и реторика не враќа во минатото и тоа минато не ни има донесено ништо добро. На овие избори убедливо ќе победи „Европскиот фронт“. Ќе победиме затоа што тоа е волјата на граѓаните. Овие избори имаат посебна и многу важна симболика – победа на европската агенда над руската, победа на посветлата иднина наспроти обидот за враќање назад пред 2001 година, рече Адеми.

Тој потенцира дека опозициските ривали се натпреварувале само со пораката против „Европскиот фронт“ без никаква платформа.

-Во текот на целата кампања, нашите опозициски ривали се натпреваруваа само со една порака – таа против „Европскиот фронт“, без платформа поттикнати од Москва и Белград. А ние наместо да зборуваме против нив, зборувавме за она што е навистина важно за граѓаните. Зборувавме за борбата против корупцијата и непотизмот, за создавање еднакви можности, за економски развој и отворање на работни места, за подобрување на образовниот систем и здравствениот систем, за интеграција во Европската унија и за добрососедство со сите, рече Адеми.

Tags: 8 мајИзбори 2024политика
Next Post

Растение кое лекува многу болести

НАЈНОВО

„Охрид SOS“: Продолжува бришењето на јавниот интерес со потпис на градоначалник и министер

August 18, 2025

ФИФА има намера да го прошири форматот на Светското клупско првенство

August 18, 2025
Хамас. Фото: Принтскрин

Хамас доби нов предлог-договор за прекин на огнот во Газа

August 18, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Бранко Тричковски (фото: Чедо Поповски)

    Македонците се бели мечки на кои вмро им го топи мразот!

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Историјата репетирана: Цената на додворувањето кон Русија

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Млада жена се обидела да ја убие бабата на својот сопруг со која живееле заедно

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Денко Малески ги воспеа Путин и Трамп: Зошто по ѓаволите!?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • ДИК одлучи: На независните кандидати ќе им бидат потребни само два потписа од избирачи за учество на локалните избори

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk