Претседателот на Државаната изборна комисија (ДИК), Александар Даштевски, ги објави првичните резултати од вчера одржаните парламентарни и вториот круг од претседателските избори.
Kоалицијата „Твоја Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, на парламентарните избори обезбедила 58 мандати, односно усвоила 436.036 гласови или 43,32% од вкупниот број, а за коалицијата „За европска иднина’ предводена од СДСМ гласале154.687, односно 15,37% од гласачите. Коалицијата „Европски фронт“ предводена од ДУИ има 137.561 глас или 13,67%, а коалицијата „ВЉЕН“ 107.81 гласа или 10,64%. Место во парламентарниот состав обезбедија и партијата Левица со освоени 68.663 гласа или 6,82% и Движењето „ЗНАМ – За наша Македонија“ со 56.288 гласа или 5,59%.
Даштевски ги соопшти и резултатите од вториот круг на претседателските избори.Ддвајцата кандидати ги добија следниот број на гласови: Стево Пендаровски – 251.899 и Гордана Силјановска Давкова – 561.001.
Мандатот на пратениците почнува да тече од конститутивната седница на законодавниот дом. Според одредбите од Уставот, новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори.
Н. Абдурахмани / Цивил Медиа