ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result

Дали предизборната реториката може да ги „поткопа“ амбициите на идната влада?

May 10, 2024 15:33
in ZOOM IN, ДЕНЕС, ИЗБОРИ, МЕДИУМИ, ПОЛИТИКА

Враќањето на власт на ВМРО ДПМНЕ, различни светски медиуми со доза на загриженост и резерва го коментираат како – враќање на земјата во „минатото“ или кон „нова надеж“. Дел од нив, врз основа на ставовите на идниот премиер Христијан Мицкоски, пишуваат дека изборните резултати може да ја искомплицираат амбицијата на Северна Македонија за влез во ЕУ.

Гласачите во Северна Македонија го променија политичкото лице на сопствената земја за само еден ден, а партијата која беше соборена пред седум години под притисок на уличните протести се враќа на власт, пренесе Би-Би-Си на српски.

Бриселскиот портал „Политико“ пишува дека изборните резултати може да ја искомплицираат амбицијата на Северна Македонија за влез во ЕУ.
– Ваквиот исходот се очекува дополнително да ја искомплицира долгогодишната амбиција на Северна Македонија за пристапување во Европската Унија, како и нејзините односи со соседните Бугарија и Грција, оценува порталот.

Под наслов „Северна Македонија се подготвува за тешки врски со ЕУ откако националистите победија на претседателските и парламентарните избори“ порталот „Еурактив“ објавува анализа за изборите на која се потпишани и „АФП“ и „Ројтерс“.

– Се чини дека Северна Македонија ќе биде во судир со нејзините соседи од ЕУ, Грција и Бугарија, откако националистичката опозиција победи на парламентарните и претседателските избори. Националистичката ВМРО-ДПМНЕ освои голема победа, во ноќта во која балканската земја ја избра и првата жена шеф на државата – пишува порталот.

ВМРО ДПМНЕ најверојатно ќе треба да формира коалиции со помали партнери за да добие мнозинство во парламентот. Разговорите се очекуваат во наредните денови.

– Во пресрет на вчерашната трка, Мицкоски употребуваше сè поагресивен јазик кон најголемата албанска партија во земјата – ДУИ – предизвикувајќи вознемиреност дека реториката може да ги поткопа кревките меѓуетнички односи. Албанците сочинуваат повеќе од една четвртина од населението во земјата од 1,8 милиони, а лидерот на ДУИ Али Ахмети водеше краток вооружен бунт за поголеми права на Албанците во 2001 година, кога НАТО ја повлече поранешната југословенска република назад од работ на граѓанска војна – пишува „Еурактив“.

Новинската агенција ДПА пишуваше дека изборната кампања се карактеризираше со обвинувања за лошо и корумпирано владеење, упатени од опозицијата против СДСМ и етничките Албанци, Демократската унија за интеграција (ДУИ) која беше во владата со СДСМ.

– Во центарот е прашањето за името на земјата, кое Скопје го промени од Македонија во Северна Македонија по договорот со Атина во 2019 година, како и за малцинските права. Заземањето поостар став против Грција може значително да ги попречи пристапните преговори што ЕУ ги отвори со Скопје во јули 2022 година. Земјите членки на ЕУ, Грција и Бугарија, имаат право на вето практично на секој чекор од преговорите. На Мицкоски ќе му требаат партнери за да ја состави идната влада. Партиите на етничките Албанци се клучни во овој поглед, бидејќи оваа етничка група сочинува околу 25 отсто од населението на оваа мала балканска земја, наведува ДПА.

Грчките медиуми, кои ги пренесува резултатите од двојните избори – посочуваат дека земјата првпат во историјата ќе добие жена претседател, но и анализираат што доаѓањето на власт на опозициската партија ќе значи за односите со Грција.

– „Триумф на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните и претседателските избори во Северна Македонија“; „Двојна победа на националистите во Северна Македонија“; „Северна Македонија: Триумф на десничарската ВМРО-ДПМНЕ на двојните избори“; „Промена на политичката сцена во Северна Македонија“; „Целосна доминација на ВМРО на двојните избори“; „Избори во Северна Македонија: Голема победа на десничарската партија ВМРО-ДПМНЕ“ – се дел од насловите во онлајн изданијата на медиумите во Грција, кои уште од доцна синоќа ги следеа резултатите од двојните избори.

Од прогласувањето независност од Југославија во 1991 година, последователните влади го следеа непишаното правило дека партија на етничките Албанци мора да биде вклучена во владината коалиција.

Дестан Јонузи

Tags: ВладаизбориСтрански медиуми
Next Post

Дерала: Изборниот ден мина во мирна и демократска атмосфера, но со повеќе видови на нерегуларности

НАЈНОВО

ДИК го усвои регистерот на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми, интернет портали за локалните избори 2025 година

August 22, 2025

Шокантно откритие во Италија: Фејсбук група споделувала интимни фотографии од жени без нивна согласност

August 22, 2025
Photo by Ulleo on Pixabay

Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

August 22, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Јане Ѓорѓиоски.

    Заветната пропаганда

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Во Град Скопје јавна дискусија за генералните урбанистички планови за општините Чаир и Бутел

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Албанија, со 99,3 проценти производство на обновлива енергија, e европски шампион

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Дебата за Принципот на Бадентер: Филков контра Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Костова потсетува: Без Левица, Трајко Славески немаше да биде претседател на Советот на Град Скопје

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk