Тејлор Свифт ја започна европската етапа на нејзината турнеја „Eras Tour“ во Франција со обновена сет листа.
Ѕвездата отстрани неколку песни и го реструктуираше концертот за да ја прикаже музиката од нејзиниот нов албум, The Tortured Poets Department (TTPD).
@studioindigo Taylor swift in Paris #taylorswift #era#erastourtaylorswift #thetorturedpoetsdepartment #taylorparis ♬ son original – Johnatan
Таа, исто така, дебитираше во нова облека, вклучително и блескаво црвено боди за воведниот дел од шоуто и црн фустан со сребрени врвки за време на ерата на Fearless.
Свифт излезе на сцената во арената La Défense во Париз, играјќи ги Miss Americana & The Heartbreak Prince, пред да ја поздрави публиката со кокетно “enchanté”.
Таа додаде дека се чувствува „неверојатно среќна“ што ја започнува европската етапа на нејзината турнеја во „најубавиот, романтичен град на светот“.
34-годишната девојка остана на сцената повеќе од три часа, откако отсвири 45 песни од нејзината 18-годишна кариера.
Турнејата е тематска – од различните „ери“ што таа ги создаде низ годините, со индивидуални сетови посветени на секој од нејзините 11 студиски албуми. Започна во Америка минатата година, а фановите ги зајакнаа локалните економии и предизвикаа сеизмичка активност со посетите на концертите.
Концертот во Париз беше прв на Свифт откако пред три недели го објави The Tortured Poets Department, двоен албум со 31 песни.
И покрај млаките критики, во првата недела од продажба сруши неколку рекорди на продажба .
За да се направи простор за новиот материјал, „кондензирани“ се сестринските албуми Folklore и Evermore (и двата снимени за време на пандемијата на Ковид) во едно поглавје „Folkmore“.
Кои песни Тејлор ги додаде и отстрани?
Отстранети песни од сетлистата:
- The Archer (Lover era)
- Long Live (Speak Now era)
- The 1 (Folklore era)
- Tis The Damn Season (Evermore era)
- Tolerate It (Evermore era)
- The Last Great American Dynasty (Folklore era)
Додадени нови песни (од новиот албум):
- But Daddy, I Love Him
- So High School
- Who’s Afraid Of Little Old Me
- Down Bad
- Fortnight
- The Smallest Man Who Ever Lived
- I Can Do It With A Broken Heart
Изненадувачки песни / акустичен сет
- Paris (Midnights)
- Loml (Tortured Poets Department)
Обожавателите забележаа промени во раскошното шоу на стадионот речиси веднаш по неговото започнување, а воведната музика беше ажурирана за да вклучи делови од музиката од TTPD.
Новата музика во голема мера се занимава со распаѓањето на две врски – со британскиот актер Joe Alwyn и главниот пејач од The 1975’s, Matty Healy.
На сцената, Свифт на шега го опиша овој дел од шоуто како „женски бес, мјузикл“.
Последниот дел од шоуто – концентриран на дијафанозниот поп на албумот Midnights од 2022 година – беше непроменет, а Свифт заврши со хит-синглот Karma.
Турнејата на поп суперѕвездата стана културен феномен, во размери што не се видени од концертите на Madonna и Michael Jackson во 1980-тите.
Тејлор настапува на 152 стадиони, со резервирани датуми до декември 2024 година.
Кога турејата ќе заврши, се предвидува дека продажбата на билети ќе достигне 1,4 милијарди долари – што ја прави најпрофитабилната турнеја на сите времиња, надминувајќи ги 939 милиони долари што Елтон Џон ги заработи на својата повеќегодишна проштална турнеја.
Извор: Би-Би-Си
Подготви: Б. Т.