ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ПОЛИТИКА

Претседателката Силјановска ни обезбеди уште едно вето од земја членка на ЕУ?

May 12, 2024 15:12
in ZOOM IN, АНАЛИЗИ, ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, ПОЛИТИКА, ФРОНТ
Претседателката Силјановска ни обезбеди уште едно вето од земја членка на ЕУ?
Share on FacebookShare on Twitter

Дали новата македонска претседателка Гордана Силјановска Давкова, директно од македонското Собрание, за време на првата реченица што ја изусти во свечената изјава ѝ обезбеди на Македонија уште едно вето од држава членка на Европската Унија?

За време на свечената изјава во Собранието, претседателката Силјановска Давкова не го користеше уставното име на државата и на местото Република Северна Македонија, претседателката изговараше – Македонија, по што грчката амбасадорка присутна во собранието ја напушти свечената седница.

Пред претседателката беше првиот сериозен предизвик – Ќе ги изневери ли оние 561.001 гласачи и ќе го користи уставното име Република Северна Македонија, или ќе одбере да биде прагматична во интерес на граѓаните и  државата?

По сè изгледа Силјановска Давкова избра да ни обезбеди уште една долга и мачна дипломатска игра за проблем што се чинеше го надминавме со договорот од Преспа и членството во НАТО, кое сега најверојатно ќе ни се рефлектира во ЕУ.

Грчката амбасадорка Софија Филипиду, која заедно со колегите амбасадори дојде да ја проследи седницата на Собранието за инаугурација на Гордана Силјановска-Давкова за претседателка на државата, како што изјавија од грчката амбасада, ја напуштила пленарната сала. Заминувањето е во знак на протест поради тоа што Силјановска-Давкова, при давањето свечена заклетва, не го употреби уставното име на земјава – Република Северна Македонија туку користеше Македонија.

Во кампањата која ја водеше под слоганот „Македонија повторно горда“, Силјановска -Давкова говореше дека придавката „Северна“ нема да ја користи, но ќе стои пред табла со новото уставно име. Таа имаше изјавено и дека е против уставните измени за внесување на Бугарите во Уставот, но доколку Собранието донесе таква одлука ќе ја почитува, бидејќи Собранието е уставотворен орган. До граѓаните порачуваше дека треба да ги почитуваме темелните вредности на нашиот уставен поредок, а Преспанскиот договор за неа, како што велеше, е политички и правно отворено прашање.

Пред свечената изјава на Силјановска Давкова, Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во интервју за телевизијата „Алфа“, објавено вчера, ја предупреди новата власт во Северна Македонија да го почитува Преспанскиот договор

Мицотакис истакна дека иако тој лично претходно не се согласувал со Преспанскиот договор, особено со деловите „македонска нација“ и „македонски јазик“, сепак го прифатил во рамки на континуитетот на државата. Затоа тој се надева дека и новото раководство на нашата земја ќе се држи до одредбите на овој меѓународен договор.

„Да бидеме трпеливи. Сакам да се надевам дека оние работи што се слушнаа предизборно, нема да бидат официјална позиција на новата Влада постизборно, бидејќи ако се случи ова ќе имаме проблеми“, рече Мицотакис.

Тој кажа дека изјавите на функционерите на ВМРО-ДПМНЕ ги следел со загриженост, но и дека „со голем интерес“ го чека официјалниот став на новиот премиер за да види на кој начин ќе се осврне на името на неговата земја.

И шефот на грчката дипломатија Герапетритис, потсети дека патот на Северна Македонија кон ЕУ поминува и преку верното придржување до Договорот од Преспа

– Во однос на Северна Македонија, повеќепати нагласив дека патот на земјата кон Европската Унија поминува и преку верното придржување до Договорот од Преспа, истакна министерот за надворешни работи на Грција Јоргос Герапетритис во интервјуто за неделното издание на весникот „Врадини“, јави дописничката на МИА од Атина.

Шефот на грчката дипломатија потсети на ставот на Нова демократија во периодот кога беше опозиција, посочи дека е неопходно Договорот од Преспа да продолжи да се спроведува, оценувајќи дека ова ќе биде и ставот на новата Влада.

– Овој Договор претставува меѓународен договор, кој е над секој внатрешен закон и треба да се почитува од страните и секако не е дозволена негова ревизија без договор на страните. Во оваа смисла, сметаме дека е неопходно Договорот да продолжи да се спроведува и сметам дека ова ќе биде ставот и на новото политичко раководство на Северна Македонија, кое ќе произлезе по изборите. Грчката влада континуирано и строго го следи спроведувањето на Договорот и ќе ги направи неопходните интервенции, истакна Герапетритис.

Паралелно ја повтори и грчката поддршка за ЕУ перспективата на земјите од Западен Балкан, потенцирајќи дека „овие држави треба да бидат во јадрото на Европската унија“.

Каква ќе биде реакцијата на грчката дипломатија после изјавата на Силјановска Давкова и зошто претседателката уште при првиот говор како претседателка, наместо стабилност и просперитет, одбра неизвесност и загрозување на европската перспектива на граѓаните, останува да видиме?

Ј. Ѓорѓиоски

ФРОНТЛАЈН Е-БИЛТЕН

ПРЕТПЛАТИ СЕ НА Е-БИЛТЕНОТ НА ФРОНТЛАЈН И ДОБИВАЈ ГИ НАЈНОВИТЕ ВЕСТИ НА ТВОЈАТА Е-АДРЕСА

Check your inbox or spam folder to confirm your subscription.

Tags: ветоГрцијаЕУСилјановска Давкова

НАЈНОВО

Фото: МИА

Републичкиот јавен обвинител, Коцевски побара повеќе пари од ребаланост на буџетот за вештaчења, дигитализација и нови вработувања

July 3, 2025

Јаневска: Старото училиште од село Нерово од Општина Житоше го префливме во Крушево каде што и припаѓа

July 3, 2025
Фото: Скриншот од видео на DWS News

Британските пратеници изгласаа забрана за пропалестинска активистичка група според законот за борба против тероризмот

July 3, 2025

НАЈЧИТАНО

  • Фото: Скриншот

    Зошто Русија го поддржува Вучиќ против студентите?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • (ВИДЕО) Српската полиција тепа студенти пред Правниот факултет во Белград, блокади во голем број градови

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Забрчанец: Имавме серија потврди за македонскиот идентитет од 2017 до 2024 – дали иницијативите на Мицкоски се осмислени за да не успеат?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • „Пуч“ во СДСМ или (не)намерна грешка на А1он?

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Битиќи стави розови очила за читање на ребалансот на буџетот

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk