ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home ИЗБОРИ

Усвоени приговори за уште три избирачки места – едно во Охрид и две во Крушево

May 14, 2024 08:28
in ДЕНЕС, ИЗБОРИ
Share on FacebookShare on Twitter

Државната изборна комисија вчера го поништи гласањето на уште три избирачки места. Станува збор за избирачкото место 1272 во општина Охрид, и за избирачките места 1194 и 1202, двете во Крушево, по поднесен групен приговор од Коалицијата „Твоја Македонија“, предводена од ВМРО-ДПМНЕ.

Како што посочи претседателот на ДИК Александар Даштевски по извршеното пребројување за избирачкото место 1272 во Охрид, утврдено е дека записникот не е правилно пополнет, има и корекција во делот на гласачи внесени со рачен внес.

Приговорот беше усвоен со еден глас против. „Против“ гласаше потпретседателката на ДИК Дитмире Шеху која укажа дека бројката на гласачи се совпаѓа со бројот на потписи. Таа појасни дека забелешката за резултатите од ова гласачко место всушност се однесува на записникот 16 во делот 4 кој е погрешно пополнет, а тоа е, вели, грешка која ја има речиси кај сите избирачки одбори.

Во Крушево, приговорите за двете избирачки места се усвоени поради несовпаѓање на бројките од записникот со оние од уредот за биометриска идентификација.

ДИК продолжува со разгледување на пристигнатите приговори.

Досега беа разгледани приговорите од Коалицијата „Вреди“ при што беше усвоен еден приговор за избирачкото место 2102 во Желино.

За изборните резултати до ДИК беа поднесени 27 приговори – девет од Коалицијата Вреди, осум од ВМРО-ДПМНЕ, пет од СДСМ и четири од Левица. Претседателот на ДИК Даштевски на седница на ДИК посочи дека станува збор за групни приговори со опфатени повеќе избирачки места.

Според првичните официјални резултати за парламентарите избори што ги објави ДИК, Коалицијата Твоја Македонија предводена од ВМРО-ДПМНЕ има освоено 58 пратенички мандати, по што следуваат Коалицијата Европски фронт предводена од ДУИ со 19 пратенички мандати, Коалицијата за европска иднина предводена од СДСМ со 18,  Коалицијата ВЛЕН со 13, а Движење ЗНАМ за наша Македонија и Левица по шест пратенички мандати.

Tags: ДИКприговори
Next Post

„Букинг“ доби обврска од ЕК да нуди поголем избор на сместувачки капацитети на туристите

Shortcut

Најново

Еве зошто Отворен Балкан не беше српска чајанка туку придобивка за 11 милиони граѓани од регионот

July 16, 2026

Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

July 14, 2026

Вештачење на ОЈО ГОКК: Мазутот е со соодветен квалитет, нема проблеми во поглед на динамиката!

July 13, 2026
Претседателката на РСМ, Гордана Силјановска Давкова го отвори Охриско лето, 12 јули 2026 (фото извор: Кабинет)

Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

July 13, 2026

РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

July 12, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Проф. Андонов во ЦИВИЛ Медиа: Владината реконструкција ја разоткрива дволичноста на Мицкоски и застојот на европскиот пат

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателката го отвори Охридско лето: Вечерта се спушти над езерото, небото и водата се стопија во нежна прегратка, ѕвездите треперат над нас, сенките танцуваат околу нас, а ние сме во исчекување на љубовниот шок и на уметничката екстаза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Држи ги вака рацете, изгледа лидерски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • РАЗОТКРИВАЊЕ: Отсуството на логика во блеферските изјави на Мицкоски

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Џелал Хоџиќ за ЦИВИЛ МЕДИА: Во владата на Мицкоски има министер кој сеќавањето на жртвите од геноцидот во Сребреница го нарече “Некрофилски Дизниленд“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk