ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
No Result
View All Result
ПРВА ЛИНИЈА
No Result
View All Result
Home РЕГИОН

Во Тирана конференција на министрите за внатрешни работи на земјите од Западен Балкан, посветенa на соработката за безбедност и миграциските текови

May 14, 2024 12:51
in ДЕНЕС, ЕВРОПСКА УНИЈА, РЕГИОН
Share on FacebookShare on Twitter

На тема „Соработка за безбедност и миграциски текови низ Западен Балкан“ денеска во Тирана се одржува конференција на министрите за внатрешни работи на земјите од Западен Балкан, со присуство и на претставници на меѓународни органзации.

Отворајќи ја конференцијата, домаќинот, албанскиот министер за внатрешни работи, Таулант Бала порача дека е многу битно да се има поширока регионална соработка во борбата против организираниот криминал и посилна поддршка од ЕУ.

-Во септември 2023 година кога се собравме во рамките на Берлинскиот процес се договоривме да преземеме посилен пристап кон управувањето со границите. Денеска да ги потврдиме напорите за постабилен регион и за подлабока соработка. Заедно можеме да изградиме иднина каде безбедноста и просперитетот се гаранција за нашите граѓани, рече Бала.

Додаде дека постојаниот ангажман на меѓународните партнери влева доверба дека со заедничка работа како регион, можеме побрзо и посилно да напредуваме во нашата амбиција да се приклучиме на Европската унија, споделувајќи ги принципите на владеењето на правото заедно како регион.

Констатира дека „ако има некое посебно прашање каде што сите можеме и тесно ќе соработуваме, тоа е управувањето со миграциските текови“.

-Последниве години Албанија, заедно со другите земји во регионот, ги бранеше вредностите и практиката на регионалната соработка, постигнувајќи опипливи резултати за нашите граѓани, како што се

договорите со Косово и Северна Македонија за слободно движење, како и справување со миграциските текови, преку спречување на нерегуларна миграција со фокус на граничната безбедност, но и почитување на човечкото достоинство на мигрантот, рече Бала.

Тој рече дека соработката со ФРОНТЕКС е еден од главните столбови на стратегијата за управување со границите и борбата против нерегуларната миграција.

-Преку партнерството со ФРОНТЕКС, успеавме значително да ја зголемиме ефективноста на граничните операции, да го обучиме нашиот персонал и да ја модернизираме опремата и методите за гранична контрола. Оваа соработка овозможи не само подобро набљудување на границите, туку и побрз и покоординиран одговор на секое сомнително движење, рече Бала, нагласувајќи дека годинава е забележано намалување на случаите на незаконски активности во областа на емиграцијата.

Амбасадорот на ЕУ во Албанија, Силвио Гонзато, меѓу другото даде гаранција дека „ЕУ е покрај вас и е подготвена да ве поддржи во спроведувањето на стратегија за справување со миграцијата“.

-Акцискиот план на ЕУ за Западен Балкан останува клучна рамка за политика за имиграција, азил и управување со границите. Тоа е рамка за соработка не само со ЕУ, туку и со земјите од регионот со цел да се соочиме со миграциските и безбедносните предизвици. Имплементацијата на оваа рамка донесе резултати во намалување на миграцискиот притисок за најмалку 1/3 во коридорите на Западен Балкан во текот на 2023 година, во однос на 2022 година, изјави тој.

Ова, според Гонзато е овозможено со силната посветеност на сите партнери во регионот и зголемената поддршка, без разлика дали е финансиска или техничка, од ЕУ и нејзините агенции, што „ја одразува нашата заедничка работа“.

Next Post

Бајден го потпиша законот за забрана за увоз на збогатен ураниум од Русија

Shortcut

Најново

Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

July 3, 2026

Мицкоски: Нема да одам за претседател на државата, ќе предводам уште една голема победа над СДСМ на наредните избори

July 3, 2026

Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

July 2, 2026

Дуња Иванова, постави нов репер во македонскиот велосипедизам: 33. место на најновата светска ранг-листа

June 30, 2026

Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

June 30, 2026

НАЈЧИТАНО

  • Европа ги брои милијардите за Црна Гора, а ние изгубените години

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Мицкоски бара внимание

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Канцони, вино и зајдисонце: Незаборавна летна вечер со Павле Камилоски и винаријата „Душа“ во „Инекс Олгица“

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Претседателска катарза

    0 shares
    Share 0 Tweet 0
  • Филипче: Недостигаат 10 милијарди денари, исплатата на пензиите е доведена во ризик

    0 shares
    Share 0 Tweet 0

© 2023 Frontline.mk

  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • ПОЛИТИКА НА ПРИВАТНОСТ
  • МАРКЕТИНГ
  • КОНТАКТ

No Result
View All Result
  • ДОМА
  • ДЕНЕС
  • ПОЛИТИКА
  • ФРОНТ
  • ОПШТЕСТВО
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • МАГАЗИН
  • КУЛТУРА
  • СПОРТ
  • ЗА НАС
  • ИМПРЕСУМ
  • КОНТАКТ
  • МАРКЕТИНГ

© 2023 Frontline.mk