Аника има три години. Има аутизам со дијагноза F84 и епилепсија со дијагноза Г40. Невербална е, не јаде цврста храна, не трпи гласни звуци, па затоа носи антифони кога е надвор.
Нејзините родители не се откажуваат од надежта дека можат да најдат лек за својата сакана ќерка. Нивна најголема надеж е во трансплантација на матични клетки во Турција. Но тоа ќе чини 25.000 евра, за што семејството на Аника не е во можност да ги плати.
Затоа, тие се обратија со молба до хуманите луѓе чија солидарна помош може да ѝ помогне на малата Аника да зачекори во животот.
Во прилог на повикот кој го споделува нашата Редакција се и податоците за начините на кои може да се помогне, со донација преку телефон или со донација преку сметка во банка.
Телефонските броеви за донација се: А1: 143 444 или Телеком: 143 120.
Донациите може да се уплаќаат и на жиро сметката на мајката Елена Макаловска – Јовевска во Комерцијална банка.
Денарска сметка: 300007091221023.
Девизна: 0230706884926, IBAN: MK07300307068849219, SWIFT: KOBSMK2X.